X
 19.08.2016 Наука

Фундаментални разлики помеѓу религијата и спиритуалноста

religija

 

Колку се поврзани спиритуалноста и религијата? Се случува да се претставувате како спиритуални но не религиозни и да наидете на несфатеност од страна на другите. Обично луѓето ја гледаат спиритуалноста како нешто чудно и мистериозно, па дури и не гледаат некоја разлика помеѓу спиритуалноста и религијата.


Луѓето во модерно време имаат страв од манипулации, а и немаат доволно информации за нематеријалните нешта.

Вистината за спиритуалноста е дека всушност тоа е најприродната работа која постои – сознавање дека сме повеќе од само едно тело, дека секој човек е индивидуална душа со бесконечни потенцијали.

Ова се разликите помеѓу спиритуалноста и религијата.

1. Не постојат правила во спиритуалноста

Спиритуалноста едноставно ве остава да си го следите срцето, ве охрабрува да си ја слушате интуицијата и да го направите она што е добра за вас и оние околу вас. Всушност ве ослободува да бидете она што навистина сте – добар човек без очекувања и стравови за казни и награди. Впрочем наградата е вашата внатрешна среќа.

2. Спиритуалноста се базира на љубов а не на страв

Во религиозните преданија вметнат е стравот – страв од последиците од делата кои ги правиме, страв од она што доаѓа по нашата смрт ако не го жимееве животот правилно. Кај спиритуалноста се' е поврзано со љубовта, ве насочува кон фокусирање на енергија кон доброто, па и самите дела кои ги реализирате се поттикнати од таа љубов.

3. Религијата ти ја кажува вистината – спиритуалноста ви дозволува да ја откриете самите


Спиритуалноста ви дозволува да ги откриете одговорите на прашањата како универзумот функционира, наспроти црно-белите кажувања кои се дел од религиските преданија. Со спиритуалноста си ја пронаоѓате сопствената вистина, без ограничувања.

4. Спиритуалноста ве обединува

Во светот постојат многу религии, па луѓето се делат на повеќе групи. Наспроти тоа, спиритуалноста учи на обединување, хармонија и сојуз со останатите и сето она кое не опкружува. Еднаквоста помеѓу сите битија е клучна.

5. Разликата помеѓу карма и казна

Наместо да се пренесува мислење за казна која следува доколку се донесат погрешни одлуки и се стори нешто лошо, спиритуалноста зборува за карма. Тоа е законот за привлечност, што значи  - тоа што го давате, тоа и ќе го примите.

6. Одете по својот пат

Спиритуалноста ве охрабрува да си го креирате сопствениот пат, без да потпаѓате на влијанија. Ве охрабрува да си го следите срцето и интуицијата, без разлика на тоа каде ќе ве однесат. Спиритуалноста ни кажува дека нема граници, нема поделби. Она што е вистина дека сите сме едно и дека постои една константа – љубовта.
Подготвил: M.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука