X
 20.08.2016 Култура

Студенти од Хонг Конг казнети поради учество во протестите за независност на земјата

вонг

 

Џошуа Вонг, студентот кој стои позади демонстрациите во Хонг Конг, успеа да избегне затворска казна поради неговата улога во протестот кој помогна во започнувањето на 79-дневната политичка конвулзија.


19 годишниот Вонг заедно со неговиот колега активист, 25 годишниот Алекс Чоу, минатиот месец беа осудени поради нелегално влегување во заградена област близу канцелариите на владата на Хонг Конг, на 26 септември 2014 година.

Трет активист, 23 годишниот Нејтан Ло, беше осуден за поттикнување на други лица да учествуваат во протестите кои траеја три месеци против одбивањето на Пекинг да додели демократска концесија на територијата.

Во тоа време, пресудите на младите момчиња беа оценети како страшно предупредување за слободата на изразување и мирен собир во Хонг Конг. Во понеделникот судот им изрече казни на трите студенти. На Вонг и Ло им изрече казна од 80 до 120 часа општокорисна работа, додека на Чоу му беше изречена три месечна условна затворска казна.

Од „Human Rights Watch“ порачаа казните да бидат поништени од владата на Хонг Конг. „Со осудата на овие студенти, однесувањето на властите во Хонг Конг повеќе наликува на она на нивните колеги во Пекинг. Водечките мирни протести не се криминал, а обвиненијата против тројцата студенти треба да се отфрлат“, изјави Софи Ричардсон.

Вонг претходно изјави дека активистите биле подготвени да одат во затвор за нивната кампања и ќе продолжат да се борат за демократијата во Хонг Конг без оглед на нивната пресуда. „Со оглед на тоа што сме вклучени во граѓанска непослушност, веќе очекувавме да платиме сериозна цена за тоа“, изјави Вонг.

Во април Вонг и Ло започнале нова фаза на нивниот обид да се борат против поголеми слободи од комунистичките владетели на Кина со основање на нова политичка партија наречена Демосисто.

Првиот предизвик на партијата доаѓа на 4 септември, кога Ло планира да се кандидира на изборите за законодавниот совет на Хонг Конг. Ло би бил дисквалификуван од изборите доколку ме беше изречена казна затвор поголема од три месеци.

На почетокот на август, со зголемувањето на политичките тензии пред гласањето, Хонг Конг беше сведок на првиот митинг за независност во историјата на оваа земја. Илјадници демонстранти излегоа на улиците откако на независните кандидати им било забрането да учествуваат на изборите.

„Мислиме дека независноста може да биде една од опциите“, вели Вонг.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура