X
 22.08.2016 Економија

Практикантите на "Facebook" заработуваат месечно колку еден просечен Македонец за скоро 2 години

Ако некогаш сте се запрашале колку еден практикант во “Facebook“ заработува на месечно ниво, тогаш може ќе се изненадите колку многу социјалниот медиумски гигант ги плаќа своите практиканти и тоа над просекот што Американците го заработуваат.

 

“Facebook“ го освои првото место на минатогодишната ранг листа објавена на страната за вработување  “Glassdoor“. Листата на  “Glassdoor“ се однесува за платите на практикантите помеѓу 6.400 и 7500 долари месечно, што е значително повисоко од она што просечниот Американец  го заработува, а тоа е околу 3.800 долари според податоците на “Business Insider“. А во македонски услови тоа би значело дека практикантите заработуваат месечно плата, колку еден просечен Македонец за скоро 2 години.

 

практикантска плата на Facebook

 

За само 3 месеци во текот на летото, практикантите на “Facebook“ може да заработат околу 22.500 долари, сума што просечен работник ја заработува во период од 6 месеци. Не само што компанијата им плаќа за практиканството, туку и практикантите добиваат многу бакшиш за изнајмување на станови и целосно покриени трошоци за патувањата. Исто така добиваат и бесплатни оброци за доручек, ручек и вечера на кампусот на “Facebook“, како и за театарски претстави.

 

Џанел Мекрегори, одговорна  за англиски јазик и литература на “Spelman“ колеџот во Атланта, за “Business Insider“ изјавила дека таа аплицирала на Универзитетот за бизнис програма  на “Facebook“ во 2015 година.

Таа  изјавила: “Facebook ни дозволува да водиме наши проекти. Тие внимателно не слушаат што имаме да им кажеме. Навистина сериозно ги земаат во предвид нашите мислења“.

 

Извештајот што излезе во Април во однос на практикантската плата покажа дека средната понуда за пракса за инженеринг фокусиран летен практикант е 6.800 долари месечно.

 

Родни Фолз, студент на Универзитетот Беркли составил листа од топ најдобро платени практикантски ангажмани на компании во Силиконската Долина.

 

Компании со највисоко платени практиканти се “Pinterest“ и “Facebook“ според истражувањето. “Pinterest“ им плаќа на практикантите 9.000 долари месечно за летна работа, а во прилог се и 1000 долари за релокација и 3000 долари стипендија за домување. Практикантите исто како и редовните вработени имаат ист пристап до внатрешните ресурси и информации.


“Facebook“ исто така ја користи практикантската програма како начин да обучи менаџери, а секој практикант има вработен, обучувач кој работи со нив на проектите. Во месец Јули Facebook соопшти дека имаат 14.500 вработени низ целиот свет.

 

Листата со топ 10 компании кои даваат највисоки практикантски плати во Силиконската Долина изгледа вака:

 

      1. Pinterest: 9,000 долари

      2. Facebook: 8,000 долари
      3. VMware: 7,500 долари
      4. LinkedIn: 7,500 долари
      5. Yelp: 7,200-7,400 долари
      6. Twitch: 7,200  долари
      7. Uber: 7,200 долари
      8. Microsoft: 7,200 долари
      9. Google: 6,100 - 6,700  долари

     10. Twitter: 6,000 - 7,000 долари

 



Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија