X
 23.08.2016 Живот

Откриено "златното правило" на љубовните онлајн состаноци

Љубовните онлајн состаноци се чинат како ликовна уметност, а сервисите кои нудат вакви услуги даваат интересни статистички податоци кои им овозможуваат на социолозите и психолозите ново поле на истражување.

 

правило


Во рамките на тоа истражување поврзано со човековото однесување во ерата на информациите, тие го открија „златното правило“ кое треба да го следат луѓето што ги користат овие услуги.

Истражувањето од Универзитетот во Ајова ја анализираше психологијата за тоа колку различни типови на содржини ги привлекуваат луѓето на онлајн страните за состаноци. Истражувачите избрале над 300 учесници од различна етничка припадност, возраст, сексуалност и потекло - и им дале задача да погледнат серии на „OKCupid“ профили во кои биле вклучени три главни делови: „Самопреглед“, „Што правам со животот“ и „Навистина сум добар во...“. Тие требале да го измерат нивото на „социјална привлечност“, „доверба“, „желба за состанок“ и „веројатност за контактирање“ на скала од 1 до 5.

Резултатите од истражувањето велат дека треба да се следи златното правило кое советува да не претерувате со само-презентацијата бидејќи може да изгледате како постојано да се фалите и да се прикажете себеси како нарцис.

„Откривме дека луѓето сакаат да контактираат со лица кои себеси се претставуваат во вистинско светло онлајн“, вели авторот на истражувањето, Енди Хај кој е доцент на Катедрата за комуникациски студии. „Тешко е кога станува збор за овие профили бидејќи сакаме некој кој изгледа како неверојатна личност, но исто така сакаме врска со оваа личност, па сакаме таа да постои и надвор од виртуелниот свет“, додава тој.

„Корисниците на овие сервиси се свесни дека луѓето погрешно се претставуваат себеси, такашто нереалните профили се причина поради која тие не сакаат да ги користат овие страни“.

Според истражувачите трикот е да се направи рамнотежа помеѓу скромноста и реалноста, а истовремено да се промовираат позитивните атрибути.

„Добро би било да го балансирате сето она што е неверојатно за вас со работи кои не се негативни, меѓутоа да бидете скромни и реални“, вели Енди.

„Важно е да се прикажете во добро светло, меѓутоа потребно е да внимавате да не претерате“, додава тој.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот