X
 23.08.2016 Култура

Продуцентите од "Game of thrones" се во потрага по...

трон

 

Со оглед на тоа што серијата повеќе не оди паралелно со книгите, обожавателите на серијата се малку изгубени, па не знаат што продуцентите на серијата приредуваат. Сепак, благодарение на изворите кои деноноќно работат за да дознаат било какви информации за „Game of thrones“, успеавме да дознаеме за дел од улогите кои се подготвуваат за претстојната седма сезона.


Секако, имињата се'уште не се откриени, меѓутоа доволно е и ова што го имаме.

*Внимание, оние кои не сакаат потенцијални спојлери, добро би било да не продолжат со читање.*

Генерал на возраст од 40 до 55 години - Тој е висок воен офицер, a продуцентите бараат актер кој ќе користи стандарден британски изговор. Актерот е потребен од 6 септември.

Свештеник на возраст од 60 години - Станува збор за свештеник со морален авторитет и тежина. Серијата бара бела актер со стандарден британски изговор, со карактеристично лице. Закажано е да снима една недела, од 22 септември.

Војник на возраст од 35 до 45 години - Ликот треба има одлични вештини за напад и да биде одличен во борби, а ќе има и доста дијалог. Потребен е бел актер со неутрален и не-благороднички англиски акцент. Улогата е потребна за октомври.

Чувар на порта на возраст од 20 години - Ликот е опишан како „доверлив кој чисто зборува северен акцент со одлично лице“. Серијата бара духовит и харизматичен актер. Потребен е за снимањето во октомври до средината на ноември.

Градски чувар на возраст од 30 години - Серијата спроведува кастинг за чувар кој пресретнува сомнителен човек во текот на неговата патрола, а потребно е да има стандарден британски изговор. Снимањето е закажано за средината на октомври.

Трговец на возраст од 40 години - Трговецот ќе се појавува во  гостилница, а бараат актер за кој не е потребно да поседува боречки вештини. Актерот треба да започне со снимање во првата недела од ноември.

Убава куртизана - „Game of thrones“ не би била она што е без прекрасните девојки и голотијата. Потребна е атрактивна млада куртизана, а од актерката се бара да прифати целосна голотија за улогата. Снимањето со актерката ќе започне на почетокот на октомври.

Млад лорд на возраст од 20 години
- Потребен е висок белец со стандарден британски изговор, кој ќе започне со снимање околу 20 септември.

Поручник, на возраст од 20 години -Ликот е опишан како спортски, физички и дисциплиниран војник. Бараат некој кој нема да биде белец, со блиско-источно потекло. Снимањето со овој актер ќе започне од средината на септември, а ќе трае до средината на ноември.

Серијата има тенденција да користи стандарден британски изговор особено за сите оние кои потекнуваат од Кингс Лендинг, додека луѓето од пониските класи како Давос користат различен акцент. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура