X
 23.08.2016 Наука

Уред што ја прочистува загадената вода за 20 минути

Научниците развија тенок уред  со големина на поштенска марка што може да уништи 99.99 проценти од бактериите во водата за 20 минути. Се разбира со изложување на загадената вода на сончева светлина  може да го постигнете тоа, бидејќи УВ зраците ги напаѓа микробите, но овој процес на дестилација вообичаено трае 48 часа за да се заврши. Наместо тоа новиот апарат има голем спектар на сончева светлина што го забрзува процесот.

 

“Нашиот уред изгледа како мало црно стакло во форма на правоаголник. Ние само го ставаме уредот во водата и ја изложуваме на сонце, а сонцето ја врши целата работа“- објаснува главниот научник, Чонг Лиу, (Chong Liu) од Универзитетот Стенфорд.

 

 

 уред за прочистување на загадена вода

 

 

Видливиот дел на сончевиот спектар, не УВ зраците содржи големо количество на сончева енергија, околу 50 проценти  споредено со 4 проценти од УВ зраците.

 

Овој видлив дел од сончевиот спектар привлекува електрони во слој од  молибден дисулфид (често се користи како индустриски лубрикант) што предизвикува хемиска реакција во водата.

 

Водород пероксидот и другите средства за дезинфекција се создаваат од овие реакции, што ги отстрануваат микробите од водата. Испитано под микроскоп, материјалите се состојат од многу тенки ѕидови, молибден дисулфид, (molybdenum disulfide) споени заедно како правоаголно стакло.

 

“Возбудливо е да се види дека развојот на материјалот достигнува толку добри перформанси. Нашата намера беше да се реши проблемот со загадувањето на животната средина, за да можат луѓето подобро да живеат“- вели Лиу. 

 

Еден од главните фактори што може да ја направи технологијата погодна за пазарот е дека молибдениот дисулфид е евтин. Пред да биде готов уредот за масовна употреба тимот од Стенфорд треба да тестира уште 3 бактерии.  Студијата е објавена во списанието “Nature Nanotechnology“.

Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука