X
 24.08.2016 Наука

Без мама никаде - Зошто малите деца се толку поврзани со своите родители?

родители 

 

Разбирлив е фактот што малите деца се толку поврзани со своите родители. Сепак, постојат неколку карактеристики на наклонетоста на децата кон своите родители.


За малите деца мама и тато се најдобрите луѓе во светот. Како тие ги манифестираат своите чувства?

Детската љубов и нежните чувства децата најмногу започнуваат да ја искажуваат на 3 годишна возраст и таа трае до 6 години. Детето знае што е лошо и што се казнува и се однесува различно па така станува непослушно. Во текот на овој период момчињата и девојчињата ја учат нивната идна улога во животот. Тие учествуваат во домашните обврски и учат како да се соочат и како да ги исполнат нивните одговорности. Токму тука лежат животните принципи кои тие треба да ги научат.

Доколку еден од родителите не е покрај детето, тогаш голема е веројатноста детето да развие одреден страв и да има немирен сон. Исто така, децата може да манифестираат одредена посесивност, а тоа најчесто се случува кога се љубоморни на едниот родител.

Како да го промените ова однесување? Потребно е да бидете трпеливи со вашите деца и постојано да ги учите правилно да се соочуваат со проблемите. Тогаш кога децата ќе сфатат дека нивните родители секогаш ќе бидат на нивна страна, тогаш тие самите преземаат чекор кон развивање на нивната личност.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука