X
 25.08.2016 Култура

Како настанал светот? Необични приказни за кои немате слушнато



Домородните племиња во Америка имаат необични приказни за природата и се она што не опкружува. Традиција е тие приказни да се пренесуваат од колено на колено, кои служат како објаснување за тоа како започнал светот и зошто одредени појави се такви какви што се. Ова се неколку интересни приказни кои го опишуваат настанувањето на светот.

Митот на Чироките

Пред многу години, постоел голем остров во средината на голем океан. Островот бил врзан за четири големи јажиња, кои виселе од небото. Небото било од карпи и затоа секогаш на островот било темно. Немало луѓе, само животни.

Заради темнината, животните не можеле да видат ништо. За да имаат светлина, животните секој ден го земале сонцето и го поставувале на патот кој се протегал од источната до западната страна на островот. Но, Големиот Дух ова не го одобрувал.

Еден ден, Големиот Дух дошол кај животните и растенијата. Им рекол дека не им е дозволена да спијат седум дена по ред и им посочил дека треба да останат будни.

Сепак, некои од растенијата биле премногу изморени и спиеле цела ноќ, како на пример јаворот и дабот. Овие растенија не го послушале Големиот Дух и биле казнети на тој начин што ги губеле своите лисја секоја зима, а оние кои останале будни, си ја зачувале зелената боја во текот на целата година. Што се однесува до животните, на оние кои останале будни како бувот и пантерот, им била дадена способноста да живеат удобно во темнината.

Микмак – Двајцата креатори и нивните судири

Пред да се создаде Земјата, единствено нешто што постоело во универзумот било Сонцето. Сонцето ја поделило Земјата на неколку различни делови кои биле одвоени со езера. Во секој дел, Сонцето дозволувало да се роди по еден маж и една жена. Секој маж се соединувал со скеоја жена и имале поколенија.

Откако поминале многу години, семејствата биле опседнати со чудни моќи. Како резултат на тоа, тие се убивале меѓу себе, освен едно семејство кое преживеало.

Сонцето тажело. Од неговите солзи се создал дожд кој паѓал од небото. Сонцето плачело се додека целата Земја не била покриена со вода.

Единственото семејство кое преживеало ја избегнало големата поплава бидејќи користело бродчиња за да се спасат, но силниот ветер ги превртел бродовите и загинале сите освен најстарите маж и жена. Оваа двојка се верува дека била најдобра и најплеменита и затоа тие биле избрани за повторно да ја населат Земјата.

Создавање – приказна на Инуитите

Во почетокот, пред да биде создадено било што, постоело едно семејство – татко, мајка и нивниот син Равен кој бил човек со клун. Еден ден од земјата почнала да избива вода, а Равен го забодел клунот и ја допрел водата. Тоа парче земја било местото каде што ова семејство живеело.

Во нивниот дом, над креветот од таткото имало предмет во форма на балон. Равен сакал да си игра со него, но татко му не дозволувал. По инсистирње на Равен, таткото се согласил. Додека Равен играл со предметот, случајно го оштетил и се појавила некаква светлина. Но, татко му не сакал оваа светлина постојано да биде присутна, па му го одзел на Равен предметот за да не го оштети уште повеќе. Вака настанале денот и ноќта во светот.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура