X
 25.08.2016 Образование

Нови мерки за студентите: Ќе имаме студенти-тутори, а и вработување за најдобрите 100 студенти

Студенти кои ќе сакаат да имаат одредени привилегии при доделувањето на стипендиите, односно плус 10 поени ќе може да ги добијат, ако бесплатно подучуваат ученици од основните и средните училишта во земјава. Со новиот Предлог закон кој е во собраниска процедура се отвора нова можност за т.н студентско туторство, кое многу години фукнционира во европските земји. Со измените се предвидува отварање на Програма за обезбедување на туторство на ученици од основното и средното образование. Ќе се формира Интерактивен портал за тутори, каде родителите ќе ги избираат туторите за своите деца. Туторот-студент мора да има просек над 8 по предметите за кои се пријавил да подучува. Тие ќе може да држат часови најмногу по 4 предмети, на најмногу 4 ученици по еден предмет. Часовите ќе се одржуваат во домот на ученикот или по договорр во присуство на родител -старател. Со оглед на тоа што многу наши ученици одат на приватни часови по некои предмети, оваа можност ќе биде олеснување за многу родители.




- Ако станува збор за студнети кои навистина ќе имаат способност да пренесат знаење, се надевам дека некој ќе го провери ова секако дека би сакала да ја искористам оваа можност. И за двете деца земаме приватни часови по математика и хемија, па зошто да плаќам, ова ќе биде олеснување за семејниот буџет. Но, сепак се надевам дека ќе биде добро организирано и дека ќе се контролира целиот процес - вели Александра Симоновска, мајка на двајца основци.  Во измените во Законот за студнетски стандард како дел од докуметацијата што треба да ги поднесат студентите, зависно од видот на стипендијата се бара имотивационо писмо, извештај за здравствана состојба на кандидатот, во кој се вклучени резултатите од тестовите за ХИВ и Хепатит Ц, копија од пасошот, чија важност не смее да биде пократка од четири години,  писмени препораки од двајца академски професори/наставници, кои се запознаени со академските способности на кандидатот. Двете писмени препораки се доверливи.

Во собраниска процедура е и Предлог закон за вработување на сто најдобри студенти во државни институции од петте најдобро рангирани Универзитети. Секоја година државата ќе вработува  30 најдобри студенти од прво рангираната високообразовна установа, 25 најдобри студенти од второ рангираната високообразовна установа, 20 од трето рангираната високообразовна установа, и 15 и 10 од четврто, однсно петто рангираната високообразовна установа. Студентите треба да исполнуваат и други услови како на пример изјава за број на положени испити кај професори кој имаат објавено повеќе од два меѓународни трудови во меѓународни списанија од базата на Томсон Ројтерс (Web of scince), со име и презиме на професорот и предметот.
Подготвил: М.Ф

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование