X
 25.08.2016 Економија

Нови работни места кои ќе бидат доста популарни во годините кои следуваат

Со овозможување на патување со луксузната орбита од Земјата до Вселената до средината на 2020 година, се предвидува појавување на нова туристичка индустрија. Преку турите луѓето ќе бидат во можност да ја видат убавината на изгрејсонцето во вселената, а дополнително и некои интересни елементи на  вселенскиот простор.


Некој треба да биде одговорен за овие патувања и да им објасни на патниците во вселенскиот простор што се случува. Па затоа ви посакуваме добредојде во ерата на туристички водичи за вселената.

Тоа е само една од неколкуте нови работни места предвидени дека ќе постојат до 2025 година според извештајот на “Tomorrow’s Jobs“, објавен овој месец од консултантите на “Future Laboratory“, во соработка со “Microsoft“. Така заедно со туристичкиот водич за Вселената, кои други нови работни позиции извештајот предвидува дека ќе се појават до 2025 година? Да започнеме.

 

вселенска туристичка индустрија

 

Виртуелен дизајнер за живеалишта

 

Само во Кина околу 200 стартап компании ги апсорбираат најталентираните дизајнери, побарувачка што се бара на глобално ниво, а која скокна за 800 проценти од 2014 година. Виртуелните дизајнери ќе станат одговорни членови на тимови за дизајн на производи со цел  создавање на нови искуства за виртуелен дизајн и за работа на нова поевтина и помоќна опрема.

Најбарани ќе бидат оние дизајнери кои ги комбинираат наративните вештини на дизајн на игри со архитектска просторна совест, урбан дизајн и пејсажна архитектура. Тие заедно ќе креираат фасцинантни виртуелни светови, што луѓето кога за првпат ќе ги погледнат нема да сакаат да се вратат на Земјата.

 

Адвокат по етичка технологија


Многу се има пишувано за
замена на луѓето со роботи. Без сомнение некои одредени категории на работни места што се однесуваат на управување со процеси, би биле автоматски. Роботски инженери, специјалисти за вештачка интелигенција и работници за оддржување ќе бидат во побарувачка како работни позиции.


Но исто така ќе бидат и потребни луѓе кои ќе советуваат како луѓето и роботите треба да дејствуваат и да се однесуваат еден кон друг. Потребно ќе биде и да се едуцираат роботите за нашето често карактеристично однесување за да можат тие да реагираат соодветно. Во исто време роботот мора да избегне да му наштети на човекот, и да  спречи човекот да биде повреден од други средства. 


Овие роботи за етичко однесување ќе имаат важна работа за медијација помеѓу луѓе и роботи, застапувајќи се за однесувањето на роботите. Зошто? Затоа што на генералната популација може да и е потребно убедување дека роботите се добри и со нив може да се шетаат наоколу, и да се спротивстават на перцепцијата дека се опасни.  Германија веќе издвои 200 милиони евра (или 263 милиони американски долари) за да ја истражи оваа област.

 

Дигитален културен коментатор


Дигиталната комуникација се развива во насока текстуалните податоци да станат виртуелни. Ова веќе се случува како што “Pinterest“ и “Instagram“ растат побрзо споредено со платформите како  Facebook и Twitter. 

До 2020 година визуелната комуникација најверојатно ќе биде најдоминантна, со мултимедија артисти, аниматори и илустратори кои ќе бидат во голема побарувачка од организациите кои сакаат да комуницираат со масовната публика. 

Визуелните вештини како што се анимација ќе бидат надополнети со музика, текст, објектно-ориентирано програмирање и зголемена реалност. Идеалниот кандидат за оваа област поседува напредни технолошки вештини во комбинација со хуманистички науки. Бидејќи тие ја разбираат човечката природа и знаат како да ја  употребат последната технологија за да креираат приказна.


Хонорарен био-хакер


Софтверските платформи со отворен код во комбинација со неверојатни информации и богат интернет ги насочува алатките на науката во рамки на дофатот на милиони луѓе кои претходно не биле во можност да учествуваат во истражувањето.

Ова им носи предност на научниците од природната наука кои докажуваат дека извонредни нешта се можни од мотивирани аматери. Покрај тоа ние ќе го видиме и растот во наоѓање на решенија за комплексни медицински и технолошки предизвици. На пример,
CRISPR се користи од илјадници научници кои соработуваат за потрага по лекови за депресија, шизофренија, аутизам и Алцхајмер. До 2020 година  природната наука ќе евлолуира во одржлива кариера за милиони студенти по био- наука, со претприемачки став.

 

Специјалист за креативни дата податоци


Овој профил на луѓе се аналитичари со креативен талент. Тие не само што пронаоѓаат корисни информации внесени во податоците, тие исто така ќе знаат да кажат приказна за нивната поврзаност.

Работната позиција ќе комбинира технички вештини што ги поседува научник за податоци со комуникациски вештини, исто како и дигиталниот културен коментатор. Нивната работа ќе има големо влијание во идниот хипер поврзан свет.


Заедничката нишка која се провлекува за сите овие предвидувања околу идните работни позиции е потребата на креативни размислувачи со комбинација на луѓе со технички и не-технички вештини.

Прогресивните универзитети ќе бидат оние што охрабруваат креативност и ја применуваат во широкиот спектар на мултидисциплинарни студии. Луѓето со овие атрибути нема да бидат заменети со роботи уште долго време.

Овој текст оригинално е објавен од страна на  медиумската платформа “
The Conversation“. 

Подготвил: Светлана Петковска
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија