X
 25.08.2016 Живот

Времето денес и прогноза за викендот што следува

Денес е четврток, 25 август 2016 година, 238-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:47, а ќе зајде во 19:21 часот. Денот ќе трае 13 часа и 33 минути.

Во поголем дел од Македонија во утринските часови преовладува претежно сончево време со локална облачност. Во северозападните, северните како и во јужните предели имаме зголемена облачност. Во регионите околу Битола, Прилеп и Мариово можни се сосема слаби локални врнежи.

МАКЕДОНИЈА - Во утринските и претпладневните часови ќе биде претежно сончево со локална облачност и потопло време, а во јужните и северните предели зголемена облачност. Попладне во југозападните, јужните како и во југоисточните предели развој на нестабилност која може да донесе врнежи од дожд и грмотевици. Услови за поинтензивни врнежи од дожд има во југозападните. Ќе дува доумерен северозападен и североисточен ветер. Утринските температури од 13 до 22 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 22 односно до 31 степен. УВ индексот ќе има вредност 6.

СКОПЈЕ - Во Скопје во четврток ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Попладне зголемување на облачност. Ќе дува доумерен слаб северен и северозападен ветер. Утринската температура од 19 степени, а максималната дневна до 29 степение.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во наредните денови Македонија ќе биде под влијание на антициклонска циркулација која што ќе услови стабилизација на времето со постепен пораст на дневните температури, додека пак утринските ќе бидат во опаѓање. Во петок по свежото утро во текот на денот ќе биде сончево и потопло со максимални температури од 24 до 33 степени. Свежо утро не очекува и во деновите од викендот односно во сабота и недела кога утринските температури ќе се движат од 7 до 16 степени. Во текот на денот сончево и потопло со максимални температури од 25 до 34 степени. Во понеделник сончево и топло со дневни температури од 26 до 35 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот