X
 26.08.2016 Живот

Норвешките полицајци не пукале во никого 10 години

Норвешката полиција многу ретко го користи оружјето, според најновото истражување на Скандинавската влада. Поточно, поминале речиси 10 години како полициските сили не пукале и убиле некого. Како едниствен инцидент се смета случајот со терористот Андерс Брејвик кога тој во 2011-та уби 77 луѓе. Властите му возвратија на оганот, но само еднаш. Во 2014-та полицајците ги употребиле своите пиштоли, но пукале само два пати за време на должност. А и никој не бил повреден.

 


 



 

Споредбено со ова, податоците за Соединетите Американски држави се поинакви. Полициските службеници во Америка имаат убиено повеќе од 600 лица само во текот на оваа година. Се разбира, се зема и предвид фактот дека тие се соочуваат со далеку поголем број на закани за насилство и криминал секојдневно.

 



Оружјето не е суштинско во полициската активност во Норвешка, што доведува и до фактот дека процентуално бројката на случаи кога е употребена сила е многу мала. Исто како и во Велика Британија, и во Норвешка полициските службеници патролираат невооружени, освен во посериозни ситуации.

 



Во минатото, експертите во Америка тврделе дека разговорите лице во лице со осомничените лица би помогнало да не се пристапи кон употребување на сила и користење на оружје. Но, таму голем проблем е и недостатокот на доверба во полицијаците.

 



Според социолозите во Норвешка, поголемата доверба во властите можеби е причина за ваквите резултати. Следствено на тоа, употребата на сила и оружје е сведена на минимум, но и криминалистичката стапка е на ниско ниво.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот