X
 27.08.2016 Живот

Од 5000 кандидати, ова е девојката која ќе работи за "Pokemon Go"

Работното место за “Pokémon Go“ во Сингапур што беше отворено веќе некое време се пополни со соодветно лице. Компанијата која го вршеше вработувањето “Funzing“ изјави дека 22 годишната, Иви Лим била избрана за оваа позиција, победувајќи вкупно 5.000 канидати кои аплицирале онлајн.

“Yahoo“ известува дека Лим е хонорарен модед и ДЈ. Таа ќе добива 1.000 сингапурски долари (или 739 американски долари), месечен надомест, за договор од 3 месеци, а нејзината одговорност ќе биде да и помогне на “Funzing“ да организира “Pokémon Go“ настани и да ги посетува со цел да им покаже на луѓето како да ја играат оваа игра.

 

 Сингапур вработи лице за Pokemon Go 

 

 

Funzing“ е веб страна која објавува листа на настани, дизајнирана како “Airbnb“, овозможувајќи им на луѓето да се регистрираат за посета на активности во нивна близина.


Не се знае што влијаело на одлуката на “Funzing“ за да ја избере Лим, но изгледа дека таа е безбедна со оглед на тоа што може да се види дека таа е опседната со играта на нејзините профили од социјалните медиуми.

Неколку корисници на интернет коментирале дека понудената плата на Лим е пониска од просечната плата со полно работно време во Сингапур. 
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот