X
 28.08.2016 Живот

Неоствареното најмоќно оружје на Хитлер

Зборувајќи за Адолф Хитлер и неговата нацистичка идеологија, не може да се заобиколи и расправата за супероружјето со кое планирал да ги покори противниците во Европа, а потоа и остатокот од светот, со цел да ја докаже надмоќта на “Ариевската раса”.

Освен што планирал да ја развие атомската бомба, имал на ум да создаде т.н. соларен сноп за кој сметал дека е генијална идеја со која би можел многу градови да претвори во пепел. Уште во дваесеттите години од минатиот век, германскиот физичар, Херман Оберт, работел на развивање на идејата за соларниот сноп, и замислил вселенска станица на која би се вградило десет метри широко конкавно огледало, преку кое требало да се концентрира сончевата светлина на едно место на Земјината топка, со огромна разорна моќ. Сепак, Обертовите пресметки испаднале непрецизни, па ваквата варијанта на соларниот сноп не била реализирана. Оваа теорија, сепак, поттикнала поголем број нацистички научници, истата да ја коригираат, па пресметале дека површината на рефлекторот би требало да изнесува 9 км2 и да биде премачкана со елементарен натриум за да би можела да акумулира доволно сончева енергија со капацитет да уништи површина од еден град. Дополнителните испитувања од страна на сојузниците, потврдиле дека за заокружување на ваквата страотна замисла, на Хитлер му недостасувале само десетина години.


Херман Оберт
                                                                                                                             Херман Оберт
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот