X
 29.08.2016 Живот

Неделна временска прогноза

Денес е понеделник, 29 август 2016 година, 242-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:51, а ќе зајде во 19:15 часот. Денот ќе трае 13 часа и 23 минути.

Во Македонија во раните утрински часови имаме претежно ведро и свежо време. Насекаде над Македонија небото е ведро.

МАКЕДОНИЈА – Првиот работен ден од новата недела ни носи потопло утро во однос на претходните денови со температури кои ќе се движат од 9 до 18 степени. Во текот на денот претежно сончево и топло време. Ќе дува доумерен слаб северозападен, сееврен и североисточен ветар. Максималните температури ќе бележат тренд на пораст и ќе се движат од 25 до 35 степени. УВ индексот ќе има вредност 7.

СКОПЈЕ - Во Скопје во понеделник ќе биде претежно сончево и топло. Слаб северен ветер. Утринската температура од 15 степени, а максималната дневна ќе достигне до 33 степени. УВ индексот ќе има вредност 7.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во Македонија во вторник претежно сончево со локална облачност и топло со дневни температури од 26 до 36 степени. Во среда претежно сончево со локална облачност, дневните температури ќе се движат од 26 до 36 степени. Првиот ден од климатолошката есен ќе ни донесе претежно сончево време со локална облачност, попладне и навечер нестабилно со локални врнежи од дожд. Максималните температури во опаѓање и ќе се движат од 22 до 32 степени. Во петок претежно сончево со локална облачност и потопло време. Дневни температури од 24 до 34 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот