X
 29.08.2016 Култура

За првпат на Параолимпијадата ќе настапат и бегалци

Официјално Олимписките Игри 2016 се готови, но глобалните спортски натпревари сигурно не се. Параолимпијадата 2016 ќе стартува на 7 Септември во Рио Де Женеиро, која ќе собере спортисти со хендикеп од целиот свет, за да се натпреваруваат во 22 спортски дисциплини во текот на 11 дена. И исто како Олимписките Игри, некои спортисти од публика ќе се натпреваруваат во име на популацијата на бегалци од целиот свет, што претставува прво искуство за Параолимпијадата.
 

Неодамна Интернационалниот комитет на Параолимпијадата најави формирање на официјалниот тим на бегалците за Параолимписките Игри 2016. Членовите од формираниот тим бараат да се препознааат оние луѓе кои се погодени од немирите во целиот свет, и да се даде поддршка на 21.3 милиони бегалци од целиот свет.

 

 Параолимпијада 2016


 

 


Двајца спортисти со посебни потреби кои се раселија поради конфликтот во Сирија и Иран, ќе го сочинуваат официјалниот тим. Натпреварувајќи се како дел од тимот на бегалците е и пливачот Ибрахим Ал Хусеин, 28 годишен бегалец од Сирија, кој ќе учествува на 50 и 100 метри пливање во слободен стил. Хусеин е квалификуван за натпреварот, со оглед на тоа дека ја изгуби ногата за време на војната во Сирија.

“Сакам да испратам порака до бегалците во Европа и насекаде. Доколку биле претходно спортисти јас ги поттикнувам да продолжат да вежбаат, не само да седат околу,  туку да продолжат да спортуваат. Направете нешто со вашиот живот. дајте се од себе“- изјавил Ал Хусеин во видео од UNHCR.

Растејќи, Ал Хусеин пливал во реката Еуфрат, користејќи го познатиот мост во градот Деир ез-Зор, како појдовена пречка и отскочна штица.  Мостот беше уништен во 2014 година како резултат на граѓанската војна во регионот.
 
Таткото на Ал Хусеин беше тренер по пливање, што ги водеше него и неколкумина од вкупно 13 браќа и сестри да доминираат во локалните и националните натпревари по пливање. Но кариерата на Ал Хусеин во пливање беше прекината кога немиризбувна во Сирија.

Во 2013 година, Ал Хусеин побрзал да му помогне на пријател кој бил погоден од бомба, но тогаш се повредил. Тој изгубил дел од неговата нога, од потколеницата надолу. Тој избегал во Турција за да ја лекува повредата, а следната година ја поминал во учење повторно како да оди. Кога неговото закрепнување завршило, тој патувал со гумен чамец до Грција, каде живе од 2014 година.

Хусеин бил во можност да почне да плива повторно во Октомври 2016, по 5 годишна пауза. Но и покрај сите предизвици што како спортист ги издржа, неговиот рекорд на време на пливање е само неколку секунди побавно од периодот пред да биде повреден.

“По 22 години обука, мојот сон конечно се оствари. Некогаш одам во кревет навечер и толку сум среќен што плачам- изјавил Хусеин.

 

 

Параолимпијадата започнува наскоро 

 

 



Во април тој го носел факелот за Олимписките Игри во 2016 година преку бегалскиот камп во Атина, гест кој имаше за цел да покаже солидарност со светските бегалци. Кратко по тој настан тој дознал дека ќе се натпреварува на Параолимпијадата.

Сахрад Насајпоур, спортист од Иран, бегалец кој сега живее во САД откако добил признаено право на азил, се приклучи во официјалниот тим заедно со Ал Хусеин. Како спортист кој живее со церебрална парализа, Насајпоур ќе се натпреварува на Параолимпијадата. Од UNHCR известуваат дека тој избрал да ги задржи спецификите на неговата лична приказна како приватна, за да може дасе фокусира на развивање на неговите вештини во пресрет на Игрите.

Параолимписките Игри, кои за првпат беа оддржани во 1960 години, ги следат Олимписките Игри во секоја олимписка година. Игрите секоја година собираат спортисти со хендикеп од сите земји во светот за да се натпреваруваат во истата земја домаќин како и Олимписките Игри.

Околу 4.350 спортисти со телесна и интелектуална попреченост од над 160 земји ќе патуваат во Рио Де Женеиро за да се натпреваруваат во 22 различни спортски дисциплини, вклучувајќи пливање, кревање на тегови, кошарка со инвалидски колички и одбојка со седење.

Според Светската Банка околу 15 проценти од светското население или околу 1 милијарда луѓе жуивеат со хендикеп. Од овие луѓе, Комисијата на жени бегалци проценува дека 7.7 милиони се бегалци. Од 7 до 18 Септември во Рио Де Женеро, ќе се одржат Параолимпските Игри. Настанот ќе биде емитуван во живо онлајн на веб страната на Параолимпијадата. 
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура