X
 30.08.2016 Живот

Какво време не` очекува на почетокот на месец септември?

Денес е вторник, 30 август 2016 година, 243-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:52, а ќе зајде во 19:04 часот. Денот ќе трае 13 часа и 20 минути.

Ова утро во Македонија имаме ведро и топло утро, насекаде над Македонија не очекува сончево утро.

МАКЕДОНИЈА - Во Македонија ова утро е малку потопло во однос на вчерашното со повисоки утрински температури кои се движат од 10 до 20 степени. Во текот на денот ќе биде претежно сончево, топло и ветровито. Ќе дува доумерен слаб северозападен и североисточен ветер кој ќе достигне брзина и до 20 км/ч. Максималните температури ќе достигнат до 25 односно до 36 степени. УВ индексот ќе има вредност 7.

СКОПЈЕ – Во Скопје во вторник ќе биде претежно сончево, топло и ветровито. Ќе дува доумерен слаб северозападен ветер. Утринската температура од 16 степени а максималната температура ќе достигне до 33 степени. УВ индекс 7.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во Македонија во среда ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Попладне во Тетовскиот, Гостиварскиот и Кривопаланечкиот регион со услови за локални врнежи од дожд. Максималните температури од 26 до 36 степени. Во четврток претежно сончево со локална облачност, попладне нестабилно со локални врнежи од дожд. Врнежите од дожд ќе изостанат во северните и централните предели. Температурите во опаѓање и ќе се движат од 24 до 34 степени. Во петок претежно сончево со локална облачност и топло и идентични температури кои ќе се движат од 23 до 34 степени. Во сабота по свежото утро во текот на денот сончево и топло, иако максималните температури ќе бидат во опаѓање и ќе се движат од 23 до 32 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот