X
 30.08.2016 Живот

Што прават поинаку родителите на успешните деца?

Улогата на родител трае цел живот, но е најважна во текот на развојот на детето. Како да ја најдете рамнотежата меѓу помагањето и допуштањето сами да прават многу работи?

татко и дете


Еве 10 нешта што родителите на успешните деца ги прават поинаку:

1. Ги оставаат да се соочат со неуспехот: преку помали неуспеси, родителите ги учат децата повторно да продолжат понатаму.
2. Ги учат за значењето на благодарноста: покажете им на децата дека она што го имаат тие е многу повеќе од она што го има некој друг. Тоа е важна лекција за благодарноста.
3. Ги учат да бидат сами свој пријател: не мора секогаш да им угодувате кога се сами. Децата што учат да не се потпираат на другите се независни, а со тоа и поуспешни.
4. Ги учат на вредноста на напорната работа: задолженијата на децата се аквивалент на работата на возрасните, а џепарлакот еквивалент на платата. Научете ги децата правилно да ги вреднуваат.
5. Не ги оставаат да застанат, ако знаат дека се способни за уште:
поттикнете го детето да работи на талентот, да чита, да акумулира знаење, да учи, да си создава добри навики. Препознајте го потенцијалот и работете заеднички на него.
6. Им го вреднуваат трудот, не резултатите:
не го ставајте фокусот само на оценките. Количината на труд што секој ученик ја вложува во учење е различна согласно интелигенцијата, па затоа истакнете го трудот што го вложува или способностите, наместо оценките.
7. Им помагаат да си го најдат идентитетот одделно од нив (родителите) и нивните соученици: многу е важно да се работи на независнота на децата. Дозволете им да бидат различни од вас. Препознајте ги и почитувајте ги уште од нивната рана возраст.
8. Ги учат на љубезност, почит и манири: овие три квалитети ќе им помогнат при искачување на скалилата на успехот.
9. Ги учат на чесност и интегритет: за лажењето децата учат кога се на ранлива возраст. Сфаќаат дека лагата ги спасува од казна. Ако ги фатите да лажат покажете им го влијанието на лагите на нашите животни, а не се фокусирајте на казната или доказот за лагата.
10. Ги учат да стојат во одбрана на себе и за другите: децата се често на удар на непријатели на училиште, авторитети и непознати возрасни и луѓе што ги искористуваат. Научете ги да одбијат малтретирање или неубав однос за да се одбранат сами ако вие не сте во близина.
Подготвил: Марта Димитров

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот