X
 31.08.2016 Живот

Лекција од една мајка која секој од нас треба да ја знае

majka

 

На Фејсбук страната „Дневник на еден директор“ се појави несекојдневен статус. Статус кој секој од нас треба детално и внимателно да го прочита и да се запраша.


„Мајка со двајца синови седеше до мојата маса во една пекара. Едно од децата, 10 годишно момче, љубезно ме запраша дали може да го земи столчето. Откако мајката го нахрани нејзиното помало дете, таа тивко но одлучно започна разговор со нејзиниот син. Немав намера да слушам, меѓутоа нејзиниот мајчин глас во еден момент ја совлада тишината која ме опкружуваше. Познати зборови. Приказна која секој родител му ја кажува на своите деца. Сепак, оваа беше малку различна:

„... и ние сме тим, а во секој тим се знае кој што работи и какви обврски има. Мама и тато секој ден одат на работа. Нашата обврска е да донесеме пари и со нив да можеме да купиме работи кои ни се потребни. Нашата обврска е да обезбедиме храна, облека, работи за дома, патување... Но и вие имате важна улога во тоа, а со улогата и обврски. Да се грижите за хигиената во просторијата, да учите, да не' слушате, да помогнете со она што можете... Само така сите рамноправно ќе бидеме оптеретени и ќе ни остане сила и време останатиот дел од денот да го искористиме заедно... Сфаќате?“, ги запраша децата на крајо, гледајќи прво во постариот, а после и во помладиот син.

Децата одговорија потврдно. Како заклучок следуваше мајчиното едноставно прашање: „Тогаш, можам да сметам на вас?“

Децата погледнувајќи се еден со друг и без премислување истовремено климнаа со главата. Во тоа климање се почувствува ветувањето посилно од илјада „Не се грижете директоре ќе биде завршени“ и милион „Важи шефе“, и милијарда „Важи колега, се' е средено“...

Оваа шефица не мора да користи закани. Не мора да вика. Има и други поелегантни начини да им се пријде на луѓето.

Излегов задоволен и насмеан од пекарата. Баш ми се посреќи денес бидејќи посетував скапи семинари и конференции за лидерство и управување со луѓе. Слушав познати говорници, учев од признати тренери од областа на менаџментот со луѓе. Добивав корисни совети како се разговара со членовите од тимот. Ги применував во пракса. Понекогаш незнаењето го плаќав со висока цена.

А денес, случајно, наидов на одлично предавање. Со одлично изработена демонстрација на лекцијата. Од предавач со долгогодишно искуство. Сето тоа за минимален трошок - две кифли и јогурт“.

 


Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот