X
 31.08.2016 Образование

Порака од наставник: "Не е важно колку знаеш, важно е што умееш да направиш со она што си го научил"

Школската година само што не започнала. Во духот на подготовките и психолошки и материјални, овие пораки ќе им помогнат и на наставниците и на децата подобро да се вклопат во училишната средина и подобро да се разберат еден со друг.

 

наставник


Прочитајте ги и размислете, прокоментирајте ги, нешто додајте, нешто одземете и споделете го вашето мислење.

1. Не е важно колку знаеш, важно е што умееш да направиш со она што си го научил

Оваа порака не може туку така, со едно просто изговарање на реченицата да им се пренесе на учениците. Наставници, имате цела година пред себе за да ги научите децата на оваа лекција. Ако ви успее, тогаш дефинитивно сте завршиле одлична работа.

2. Важен ми си


А оваа училница е место кое го создадов за тебе. Јас сум тука поради тебе, а не обратно.

3. Зборот „паметен“ не значи ништо

Такашто јас и ти повеќе нема да го користиме.

4. Ти припаѓаш овде


Баш оваа училница е место кадешто припаѓаш, а јас ќе дадам се' од себе за да ти помогнам овде да постигнеш големи успеси.

5. Минатото е зад нас, важна е сегашноста


Не ги гледај старите неуспеси и грешки. Ако можеш, искористи ги нешто да научиш. Ако не, остави ги онаму кадешто се - во минатото.

6. Ти си многу повеќе од број на бодови и оценки на тестот


Поточно, оценката не те покажува во целосно светло.

7. Не очекувај мене твоето знаење да ми биде поважно отколку што ти е тебе

Ако навистина сакаш да научиш, а не само да добиваш највисока оценка, успехот сигурно те чека.

8. Натпреварувај се само со себеси


Не се споредувај со другите. Тоа е незрело и неплодно. Секој се наоѓа на својот пат и не постојат два исти патишта.

9. Учењето треба да ти донесе задоволство

Ако ова не е така, тогаш сакам да знам.

10. Грешките ни помагаат да станеме подобра личност


Во ред е човек да греши. Ризикувај. Оваа училница е место за учење, а најдобро се учи низ искуство.

11. И јас сум човечко суштество

Јас сум твојот наставник но и многу повеќе од тоа. Сигурно ќе направам грешки и сигурно и мене во одреден момент ќе ми биде потребна твојата помош.

12. Јас сум твојот наставник во текот на целиот твој живот


Ако подоцна во животот ти треба нешто, побарај ме.

13. Ти си важен/важна

Важен/важна ми си мене и на сите останати кои се дел од твојот живот. Што и да правиш тоа влијае врз луѓето околу тебе, без разлика дали ти тоа го забележуваш или не.

14. Можеш се', само ако сакаш

И сакам да ти помогнам се' што сакаш да го реализираш.

 

Извор: Зелена учионица

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование