X
 02.09.2016 Наука

Се` уште сме сами во вселената - сигналот од потенцијална интелигентна раса е лажен

Неодамна објавената вест за потенцијален „моќен сигнал“  од интелигентна раса забележан од руските научници има нова разврска.

планета


Имено, руски радио-телескоп кој го скенира ѕвезденото пространство во вселената, забележало „моќен сигнал” што доаѓал од близина на ѕвездата HD164595, од соѕвездието Херкул. Руските научници претпоставуваа дека сигналот е од ѕвезда слична на сонцето, 94 светлосни години оддалечена од Земјата, а сигналот бил сличен на тој што би се очекувал од напредна вонземска раса.

За жал, претпоставките се веројатно неточни. Од руската агенција за известување TASS изјавиле дека сигналот се припишува на антенско попречување од Земјата, можеби нефункционален сателит во орбитата. Јулија Сотникова од Special Astrophysical Observatory in Russia изјавила дека сигналот е „најверојатно антенско попречување“, а во нејзиниот тим подготвувал официјален репорт за тоа. Воедно, натамошните набљудувања од други организации не регистрирале никакви други знаци.

Според директорот на SETI (Search for Extraterrestrial Intelligence Institute) за тој сигнал би била потребна целосната потрошувачка на цело човештво за да се насочи сигналот токму кон нас. Ако тој најпрво би бил испратен во сите насоки, би била потребна за стотици пати поголема енергија од цела сончева светлива што доаѓа на Земјата.

Ако потенцијалната цивилизација би била 94 светлосни години оддалечена, сигналот би бил пратен во 1921 година. Во 1997 и 1977 се регистрирани два други слични лажни аларми.

„Најмалку, епизодата HD 164595 не потсетува дека треба да се подготвиме сите повнимателно за денот кога би детектирале вистински сигнал од друга цивилизација“, изјавил Даглас Вакоч, претседател на METI ((Messaging Extraterrestrial Intelligence) во Калифорнија.
Подготвил: Марта Димитров

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука