X
 02.09.2016 Живот

Временска прогноза за првиот викенд во септември

Денес е петок, 2 септември 2016 година, 246-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:55, а ќе зајде во 19:08 часот. Денот ќе трае 13 часа и 12 минути.

Во утринските часови во Македонија имаме претежно облачно време, а локално може и сосема слабо да прероси. Намалување на облачноста има во северните и североисточните предели, каде по изгрејсонцето се очекуваат и првите сончеви зраци.

МАКЕДОНИЈА - Во утринските часови во поголем дел од Македонија умерено облачно време. Во претпладневните претпладневните часови постепено на малување на облачноста, па во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност и ветровито. Попладне во Охридско-Преспанскиот како и во Дебарскиот регион постојат услови за локални врнежи од дожд и грмотевици. Ќе дува доумерен северозападен и североисточен ветер кој ќе достигне брзина и до 25 км/ч. Утринските температури од 10 до 19 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 22 односно до 32 степени. УВ индексот ќе има вредност 6.

СКОПЈЕ – Во Скопје во утринските часови ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, попладне намалување на облачноста и ветровито. Ќе дува доумерен северен ветер. Утринската температура од 16 степени, а максималната дневна до 30 степени. УВ индекс 6.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во Македонија во деновите од викенот како и првиот работен ден стабилно време. Во сабота и недела претежно сончево и топло време, но со малку посвежи утра. Максималните температури во сабота ќе се движат од 23 до 33 степени, додека пак во недела од 24 до 34 степени. Во понеделник претежно сончево со локална облачност и топло време со дневни температури од 24 до 34 степени. Во вторник повторно дестабилизација на времето. Претпладне ќе биде претежно сончево со локална облачност, попладне нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици и посвежо време со пад на максималните температури кои ќе се движат од 19 до 29 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот