X
 05.09.2016 Технологија

НЕ ПРОПУШТАЈТЕ! Првиот концерт со стриминг во живо во 360 степени, овозможен од Дојче Телеком



HD стриминг во 360 степени во живо на концертот на Red Hot Chilli Peppers во Берлин - преку веб страницата на Македонски Телеком

- Red Hot Chili Peppers ќе настапат на „Telekom Street Gigs” во Берлин на 6 септември, во 20:00 часот
- Првиот концерт со стриминг во живо во 360 степени, овозможен од Дојче Телеком

Македонски Телеком ќе им овозможи на фановите да го доживеат концертот на Red Hot Chilli Peppers преку HD стриминг во 360 степени во живо, како да се на самиот настан. Red Hot Chili Peppers ќе настапат на „Telekom Street Gigs” во Берлин на 6 септември, во 20:00 часот. Гледачите ќе можат целосно да се внесат во сцената со глобалните супер – ѕвезди Red Hot Chilli Peppers преку веб страницата на Македонски Телеком www.telekom.mk.

Најдобрата мрежна покриеност и мрежна брзина на Македонски Телеком ќе овозможат дигитално доживување на концертот како никогаш досега.

Red Hot Chilli Peppers, еден од најуспешните рок-бендови во историјата, со главниот вокал Антони Кедис, басистот Фли, тапанарот Чед Смит и гитаристот Џош Клингхофер бележат повеќе од 60 милиони продадени албуми, а со хитовите „Californication“, „Give it Away“ и „Under the Bridge“, повеќе од три децении ги инспирираат и забавуваат нивните фанови ширум светот. Со нивниот најнов албум „The Getaway“, во продукција на Danger Mouse, повторно се наоѓаат на врвот на топ листите. Тие се добитници и на 104 платинести признанија за продажба на албумите како и на голем број главни музички награди како што се: Grammy, ECHO или MTV Music Award. Примени се во Домот на славните на рокенролот во 2012 година.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија