X
 06.09.2016 Живот

Дали Германија треба да ги признава детските бракови меѓу бегалците?

Германското судство се соочува со стотици случаи на детски бракови. Меѓутоа, судиите се борат со нејасни закони и затоа одлучуваат врз основа на индивидуални случаи.

 

брак


14-годишна девојка се омажила во Сирија за нејзиниот 21-годишен роднина. Заедно побегнале од војната и на крајот завршиле во Ашафенбург. Канцеларијата за млади не го признала бракот, преземајќи го старателството над девојчето со објаснување дека тоа е за доброто на девојчето. Нејзиниот сопруг се жалел до Судот за брачни прашања, по што изгубил.

Меѓутоа, откако случајот стигнал до Вишиот суд во Бамберг, таму се случило пресврт - судот го прогласил бракот за правно важечки, повикувајќи се на основното начело кое важи во Германија, а кое вели дека браковите склучени во странство се судат според законот на земјата на потекло и со тоа го легитимира овој брак. Градот Ашафенбург поднел жалба против пресудата и сега за одлука се чека германскиот сојузен суд.

Темата за малолетен брак, која се чинеше далечна за Германија, одеднаш стана повторно актуелна. Притоа, во Германија веќе долго време постојат детски бракови со посебни одобрувања за секој поединечен случај. Бројни претставници на организации за заштита на човековите права, но и правници и политичари, сметаат дека овие бракови во основа треба да бидат забранети. „На 11, 13 и 15-годишните девојки не им е местото во брак, туку во училиште“, вели програмата „CDU/CSU“. Со оглед на тоа што се зголемуваат барањата за дозвола на овие детски бракови, министерот за правда Хајко Мас формирал работна група составена од претставници на државата и на германски сојузни држави, кои би требало да се договорат за заеднички правила во врска со ова прашање.

Кои би биле активностите на работната група?

Основното прашање за кое членовите на работната група треба да обезбедат одговор гласи: дали е потребно да се признаат браковите склучени во странство? За време на регистрацијата на бегалците, различните нивоа на власти открија дека постојат многу бракови помеѓу луѓе кои не се полнолетни. Според проценките, низ Германија има околу 1.000 детски бракови, со повеќе од половина во Баварија. Во најголемиот број од случаите девојките се на возраст од 16 или 17 години. Конкретни информации за тоа колку се стари нивните сопрузи или кога браковите биле склучени, тешко е да се пронајдат.

Каква е правната рамка во Германија?


Кога станува збор за склучување брак, во Германија зрелоста за брак започнува од 18 години. Затоа бракот, според граѓанското право, не смее да биде склучен порано, меѓутоа судот може да направи исклучок доколку еден од брачните партнери е полнолетен, а другиот има најмалку 16 години. Така во Германија доаѓа до склучување на детски бракови.

Министерката за семејни работи Мануела Швезиг вели дека е против детските бракови. „Децата и според Конвенцијата за правата на детето, имаат право на игра, образование и здравје - накратко, безгрижно детство“, вели таа.

За какви промени се дискутира?

Додека баварскиот министер за правда, Винфрид Баузбак бара браковите на девојчињата на возраст под 16 години кои биле склучени во странство да не се признати, министерот за правда на Северна Рајна Вестфалија, Томас Кучати смета дека мора да се разгледа можноста во иднина да се признаваат само оние бракови во кои двајцата партнери се полнолетни.

Ова особено може да им се допадне на експертите за заштита на правата на децата. Германската организација за помош на децата „Kinderhilfe“, и организацијата за заштита на правата на жените „Terre de Femmes“ бараат во Германија да нема исклучок кога станува збор за децата. „Бараме правилото за исклучоци да се укине и бараме минималната граница за стапување во брак да биде 18 години, без исклучок“, вели Мирија Бемеке од организацијата „Terre de Femmes“. „Не бараме присилен развод, туку бараме тие бракови да не се признати“, објаснува таа.

Рајнер Бекер, од организацијата „Kinderhilfe“ вели дека важно е да се продолжи со разгледување на поединечни случаи на детски бракови склучени во странство. „Мислам дека работната група формирана од Министерството за правда е важна. Со оваа тема мораме да се соочиме и да го признаеме нејзиното постоење. Но едноставно да кажеме: „ние не ги признаваме браковите склучени во странство“, воопшто да помогнеме во врска со оваа тема. Не сите бракови кои биле склучени се присилни“, вели тој.

На кој начин властите постапуваат со детските бракови меѓу бегалците?


Со оглед на тоа што во Германија браковите под 16 години во основа се можни, најчесто тие се признати. Досега не се признати само бракови на деца помлади од 14 години. Кога станува збор за брак помеѓу 14 годишна или постара малолетна личност во Германија, одлуките се однесуваат на секој поединечен случај.

Кои се причините за детските бракови во странство?


Во голем број земји од кои доаѓаат бегалците, детските бракови не се дозволени, меѓутоа се одобрени. Бракот самиот по себе во оваа земја има голема вредност. Секој детски брак не е во исто време и принуден брак. Во Сирија или Авганистан важи правилото за минимална возраст од 16 години. Кај машките е малку повисока возраста, но и тука се можни исклучоци.

Според Организацијата за помош на деца и УНИЦЕФ, девојките се оние кои рано стапуваат во брак или сакаат да стапат во брак, додека кај момчињата овој тренд не е толку застапен. Често пати економските причини играат голема улога: девојките се сметаат за оптеретување и не можат да го нахранат семејството. За голем број семејства важен е миразот.

Голем број детски бракови моментално се склучуваат во бегалските кампови во Либан, Јордан и Турција. „Семејствата се плашат од сексуални напади врз нивните ќерки. Затоа рано ги мажат“, вели Мирија Бемеке од „Terre de Femmes“. На тој начин ќерките се заштитуваат, а со тоа се штити и честа на семејството бидејќи невиноста има огромна вредност во патријархалните структури.

 

Извор: DW

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот