Едно
село во Бразил се карактеризира со русокоси и плавооки жители, а освен тоа таму е забележана и највисока стапка на близнаци во светот.
Иако можеби се смета дека супериорна раса се Германците, при што русата коса и сините очи се очигледниот знак, Кандидо Годои е познат по тоа што жителите ги имаат токму тие карактеристики. За огромната стапка на близнаци, 1000% поголема од глобалниот просек, се верува дека е последица од експеримент кој познатиот нацистички злосторник Јозев Менгеле или попознат како „Ангел на смртта“, го вршел над локалните жители.
Селото и порано било населено од синооки и русокоси доселеници од Полска и Германија, што најверојатно е причината за таквиот „ариевски“ изглед. Но, за прашањето за стапката на близнаци нема одговор.
Хорхе Камараса, автор на книгата Менгеле: Ангелот на смртта во Јужна Америка (Mengele: the Angel of Death in South America), изјавил:
„Мислам дека Кандидо Годои беше лабораторија за Менгеле и дека во тоа село тој конечно успеа да ги оствари своите соништа за создавање супериорна раса со сини очи и руса коса. Според некои сведоштва, тој ги следел бременостите на жените, им давал нови лекови и средства, зборувал за вештачко оплодување, а според шпекулациите експериментирал на кравите тие да раѓаат само машки телиња близнаци.“
Ова го демантирал локалниот историчар Рауло Сотие. Генетичарите сметаат дека стапката на близнаци може да е резултат на генетски аномалии и инцести. Имено, близнаците биле во голем број и пред доаѓањето на Менгеле.
Некои од локалните жители тврдат дека во шеесетите години на минатиот век во селото е забележан човек што личи на Менгеле.