X
 06.09.2016 Образование

Што хрватските ученици учат по музичко образование?

Во учебникот по музичко образование наменет за учениците од прво одделение во хрватското основно училиште „Моја глазба 1“, чиј автор е Диана Атанасов Пилјек, и издавачка куќа „Алфа“, се наоѓа прилично бизарно и несоодветно прикажување на жената.

 

ucebnik


Имено, на фотографиите во учебникот се наоѓаат два типови на жена - на првата фотографија жената има заводнички став, со подигната рака над нејзината глава, долга руса коса, кратко здолниште и високи потпетици, а на описот пишува „жена“. Другата фотографија прикажува жена со скромен поглед, долг фустан и престилка околу половината, а на описот пишува „мајка“.


Сексистичко воспитување

Се чини дека станува збор за учење на родовите улоги уште од најрана возраст со нагласена улога на жената како домаќинка, односно мајка. Судејќи според учебникот, неа не ѝ се дава никаква друга улога освен домашните работи низ домот и секако, оние мајчинските. Од друга страна тука е и жената која е претставена како секс симбол.

Децата во прво одделение учат како домаќинката не може да биде сексапилна, додека сексапилната жена не може да биде мајка. Исто така, може да се каже дека децата учат како треба да се третираат жените во бракот, а како оние кои не се во брак. Секако, на оние кои се во брак, местото им е во кујната, додека овие другите изгледаат секси за да запознаат мажи.

Децата во никој случај не смеат да учат за вакво претставување на жената. Посебно не по предметот музичко образование.

 

1

3

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование