X
 06.09.2016 Здравје

Тајната на долговечноста на жителите во градот во кој никој не умира

Неодамна научниците се заинтересираа што е тоа што им овозможува на повеќето жители на итлијанското гратче Ачароли да доживеат длабока старост. Сега открија дел од тајната.

Баба и дедо гледаат од прозорец

Тајната на тнр. град во кој никој не умира според научниците е во вазодилататорот адреномедулин и метаболити. Речиси комплетен недостиг на биомаркерот се покажал како "силен елемент на заштита што придонесува за оптимален развој на микроциркулацијата". Студијата во нивната крв открила и метаболити што можат позитивно да влијаат на долговечноста и доброто здравје.

Научниците, кои одлучиле да го продолжат истражувањето, ги интересирала и исхраната на 100-годишниците и нивната генетика. Не се исклучува можноста овие луѓе да поседуваат ген што извлекува корист од некои производи што секојдневно се консумираат.

Старец седи покрај море

Американските и италијанските научници истакнуваат дека улога може да имаат и секојдневните активности како риболов, пешачење и одгледување зеленчукови градини.
Подготвил: А.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје