X
 07.09.2016 Живот

Не грижете се ако сте самци - психолозите велат дека тоа е добро за вас

Можеби ве загрижува фактот дека уште не сте го пронашле вистинскиот партнер?! Не си создавајте притисок без потреба.

сама девојка


На годишната конференција на Американската психолошка асоцијација се разговарало токму за оваа проблематика. Бела де Пауло, една од учесничките на настанот, за бракот, самците и среќата изјавила:

„Расположливите докази покажуваат: според истражувањата луѓето што останале самци во споредба со оние што стапиле во брак се многу поодлучни и е поверојатно да искусат ‘чувство на постојан развој и растење како личност’. Друго истражување покажало дека самците ја вреднуваат смислата на работата повеќе од луѓето во брак. Трета студија за самци што останале без партнер цел живот, покажала дека колку сме посамостојни, толку е помала веројатноста да доживееме негативни емоции. За оние во брак важи спротивното.“

Де Пауло истакнала дека ретко се признаваат вистинските причини поради кои се бира овој начин на живот.

„Самците се повеќе поврзани со родителите, браќата и сестрите, пријателите, соседите и соработниците отколку луѓето во брак. Кога тие влегуваат во брачна заедница стануваат поизолирани. Преокупираноста со опасноста од осаменоста, може да ги засени бенефитите на самотијата. Време е поинаку да се опишуваат луѓето без партнер и нивниот живот – да се признаат јаките страни и отпорноста на самците, како и она што го прави нивниот живот да има смисла.“

Таа додала и дека луѓето во брак се повеќе поддржани од околината, а самците често се мета на стереотипите на истите тие луѓе и дека е време да се сфати дека бракот не е единствен рецепт за среќа и дека можеби непотребно вложуваме огромен напор за да го најдеме вистинскиот или вистинската.
Подготвил: Марта Димитров

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот