X
 08.09.2016 Технологија

"Apple" ги претстави новите iPhone 7 и iPhone 7 Plus

Со двочасовно шоу, технолошкиот гигант „Apple“ ги претстави новите паметни телефони iPhone 7 и iPhone 7 Plus. Овие телефони не носат некои револуционерни промени во дизајнот, меѓутоа и тоа како доживеале промени во рамките на карактеристиките на телефонот.

 

1


Најголемата промена која ја има телефонот е тоа што нема приклучок за слушалки, „home“ копчето може да детектира колкав е притисокот врз него и може да обезбеди повратна информација во форма на вибрации, додека поголемиот iPhone 7 Plus модел има камера со две леќи.

Сепак, одлуката за отстранување на 3.5 милиметарскиот приклучок за слушалки кај голем дел експерти предизвикуваат сомнежи, особено бидејќи ќе бидат заменети со безжичните слушалки „Airpods“.

 

2


„Со обичните слушалки имавме некоја поголема стабилност - немаше можност за исклучување, додека безжичните слушалки треба постојано да се наполнети, а и колку погласно слушате музика, толку побрзо ќе се испразнат“, велат експертите.

 

2


„Airpods“ исто така содржат инфрацрвени сензори кои детектираат кога се ставени во ушите на корисникот. Ова им овозможува автоматски да ја запрат музиката кога нема да се користат. Според „Apple“, слушалките можат да се користат и до пет часа, а доаѓаат со безжичен полнач кој може да го продолжи нивното користење и до 24 часа пред да треба да се приклучат на струја.

Друга слична промена е воведувањето на стерео звучници - што значи дека новиот телефон може да има два пати повеќе глас од iPhone 6S.

Две камери

 

12


iPhone 7 Plus има широк агол и телефото објектив на задниот дел, користејќи 12 мегапикселен сензор. Ова му овозможува на корисникот брзо префрлување на сликање без да го жртвува квалитетот на сликата, како и зумирање x10 - двојно повеќе од претходно.

Новиот iPhone 7 може да се пофали со А10 Fusion процесор со подобрени графички и компјутерски перформанси и нова верзија на софтверот iOS X. Основниот модел, iPhone 7 ќе има 4.7 инчен HD екран, додека iPhone 7 Plus ќе има 5.5 инчен Full HD екран, поиздржлива батерија со 13 часа активна работа.

Цените изнесуваат 749 долари за iPhone 7 и 1249 долари за iPhone 7 Plus.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија