X
 10.09.2016 Живот

Зошто железничката пруга е опкружена со камења?

Возовите се суштински дел од транспортот во руралните и урбаните области - луѓето во изминативе два века напорно работеле на усовршување на дизајнот на ова превозно средство.

 

пруга


Од примитивни парни локомотиви до брзи возови кои изгледаат како да ќе летнат во вселената, возовите доживеале и тоа каква еволуција низ годините.

Но, дали некогаш сте се запрашале зошто железничките пруги низ кои поминуваат возовите се прекриени со камења? Од не-инженерска гледна точка, камењата изгледаат како нестабилна основа. Зошто да не се искористи бетон, асфалт или било што кое е побезбедно од камењата.

Иако навидум нестабилни, камчињата се всушност најдобрата, најефикасната и најевтината алтернатива кои ги чуваат железничките пруги безбедни.

Пругата може да се промени како резултат на топлина, студ, придвижување на земјата, вибрации, па дури и растење на плевел. Овие елементи може да предизвикаат пругите да станат кршливи и нестабилни, со што поминувањето низ нив е уште поопасно. Баластот ги штити пругите од овие елементи и со тоа е побезбедно возењето со возот. Без баластот, еве што ќе ѝ се случи на железничката пруга.

 

2


Баластот ги одржува пругите во место и не им дозволува да се лизгаат. Нивната остра и неправилна форма им овозможува да се вклопат едни со други како еден сигурносен механизам. Најпрво се збива баластот онаму каде ќе се постават пругите, потоа се ставаат дрвените греди, а потоа уште камења. После тоа, возовите треба да поминуваат малку побавно додека камењата се наместат.

 

3

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот