X
 11.09.2016 Живот

Ова се цртежи од луѓе кои тврдат дека биле киднапирани од вонземјани

Дали некогаш сте се запрашале, чија беше замислата вонземјаните во филмовите да изгледаат помалку како луѓе, само со голема глава, големи луди очи и лигаво тело?

“Се обидов да побарам на Google, но моето пребарување не произведе задоволителен одговор. И така одлучив да се обратам до луѓето кои тврдат дека имале вистинска блиска средба со овој трет вид на суштества и ги замолив да го нацртаат тоа искуство. Се надевав дека барем еден од нив ќе ги прикаже вонземјаните кои не личат на жаба. Дали нивната приказна звучи убедлива или концептот за човечки вонземјани е глупав препуштам на вас да одлучите“- пишува Пол Доуард за за “VICE Media LLC“.


вонземјани


Еве некои од тие цртежи, заедно со кратките интервјуа со луѓето кои тврдат дека биле киднапирани од вонземјани.

Цртежот на Луиза за нејзиното искуство


вонземјанин


Луиза, 56

Може ли да ми кажете нешто за тоа како бевте грабнати?


Тоа беше 1997 година, тогаш имав 37 години. Се разбудив среде ноќ паразлизирана. Од мојата десна страна се наоѓаа два мали вонземјани. Не можам да објаснам зошто, но не бев исплашена. Без издигната хоризаонтално назад од креветот и летнав кон затворениот прозорец. Следниот миг се најдов себеси на многу ладен стол опкружена со двајца мали вонземјани и трето многу поголемо суштество, кое ми стоеше крај стапалата. Неговото тело ми беше како во магла, но оддеднаш сфатив дека сум го видела пред 20 години, за нешто што тогаш сум мислела дека е кошмар. Со помош на регресивна терапија, сфатив дека тие ме посетиле и порано, но секогаш сум мислела дека се само духови кои се појавуват во мојот сон.


Што тие направија?


Вештачки ме оплодија и кога назад се вратив во мојот кревет, знаев дека сум бремена. Не можев да бидам реална, бидејќи носев спирала и поминував низ развод. Но за време на итниот преглед кај гинеколог, тој ми потврди дека сум бремена. Ноќта пред закажаниот абортус се помолив на Бог и на девица Марија да ми помогнат. Следниот ден се разбудив повторно задоволна. Го откажав абортусот.


Што мислите дека се случи за да затрудните?


Мислам дека ја зедоа спермата на мојот поранашен маж а потоа генетски ја модифицираа неговата ДНК. Имам три сина, двајцата потекнуваат од таму и многу ми се драги. Јас никогаш не страдав за време на тие грабнувања. Да сакаа тие суштества да ни направат зло, одамна би не нападнале.


Цртежот на Стефан за неговото искуство



цртежот на Стефан



Стефан 41,



Стефан што може да ни кажеш за твојата средба со вонземјаните?


Тоа се случи на 24 март 2010 година, после мојата ноќна смена во болницата каде што работам. Околу четири часот наутро, поминав со автомобил покрај капијата на болницата на патот спрема дома, кога ме заслепи светлосен блесок. За дел од секундата се најдов на некое друго место, бев пренесен на планина, а на ридот имаше некакво езеро. Оддеднаш на небото се појави огромен вселенски брод, додека на земјата почна да блеска уште повеќе светло. Тоа е се на што се сеќавам. Следно што знам повторно се најдов на воланот во мојот автомобил поминувајќи низ главната капија. Кога излегов надвор ме запреа полицајци кои ми рекоа дека ме бараат. Ми рекоа дека ме немало 3 дена. Немам идеја што се случило.


Дали ги виде вонземјаните?


Мислам дека не, но на онаа планина видов некои лица кои изгледаа чеовечки, само што не можев добро да видам и да им ги запомнам лицата. Мислам дека тие суштества може да ни го поматат умот и да не натераат да мислиме на нешто друго.


Дали на вас беа останати некакви физички траги?


Месец дена имав три точки на десната дланка, а делуваше како триаголник со растојание од по два сантиметри. Пред една недела многу ме болеше, како некаква изгореница што не можеше да заздрави. После тоа исксуство, постојано имам чувство дека некој ме следи.


Цртежот на Емили


Емили


Емили, 57


На што се сеќавате. Што ви се случи?


Имав 17 години и јас и моето момче ја поминавме ноќта во мојата куќа. Мајка ми таа ноќ ни дозволи да преспиеме во дневната соба, што мојот татко никогаш не би дозволил, но тој тогаш работеше трета смена. Ние тројцата ја поминавме ноќта во разговор во дневната соба. Во еден момент почнав да слушам некое тропање што мајка ми и моето момче не можеа да го слушнат. Околу полноќ сите отидовме на спиење. Оваа бучава се засилуваше, а потоа се затемни. Моето момче не слушна ништо и веднаш заспа. Јас бев преплашена, се чувствував како времето да запре. Ги затворив очите и кога повторно ги отворив видов неколку мали суштества во облеки и капи како кружат околу креветот. Не можев да им ги видам лицата.


Што се случуваше со вашето момче?


Се обидов да го разбудам вртејќи го, но тој не можеше да се разбуди. Затоа истрчав од дневната соба и побегнав во мојата. По неколку минути подоцна, слушнав звук од клучеви во бравата од главната врата, а оддеднаш беше седум часот и мојот татко се врати од ноќната смена.  Изгубив скоро шест часа од својот живот, не знам што се случи од моментот кога го вртев моето момче до моментот кога се стрчав до мојата соба. Тоа беше најтрауматично во врска со се.


Што направивте следниот ден? Дали зборувавте со некого?


Бев толку лута на моето момче што не се разбуди, што му раскинав и оттогаш не сум го видела. Но никој не се разбуди од бучавата, во куќата беше и мојата баба, сестра, мајка и моето момче. Ми требаше многу време да се се натерам себеси да му кажам за ова на некому. Од тоа искуство се чувствувам како морско прасе, како некој да ме искористи и да го наруши мојот физички интегритет.


Цртежот на Миријам за нејзиното искуство



Миријам



Миријам 60,


Можете ли да ми го опишите своето искуство?


Се случи во 1987 година кога бев на одмор во еден замок во Шамон, во француските Алпи. Непосредно пред да заспијам слушнав некое кликање. Кога се разбудив видов дека таванскиот прозорец над мене беше отворен и преку него од небото се спушти некаква лента, која завршуваше во моите гениталии. Околу овие ленти лебдеа две мали суштества. Можев само да ги движам очите без да разберам што се случува. Не бев навикната на тоа чувство, студирав информатика и бев многу страствен љубител на астрономијата. Член сум на астронаутичкиот одбор “Аеро клуб Франција“, што е француско авијатичко друштво. Навикната сум да ги разбирам космичките феномени, или барем некои негови делови, а од ова ништо не ми беше јасно.


Имате ли некаква претстава што ви правеа?


Да, после подложување на регресивна терапија со хипнотички терапевт. Се видов себеси како лежам на маса во огромна транспарентна купола, додека целосно бев покриена со некакава желатинска маса. Беа присутни ситни суштества, како и големи, а лентата се уште беше во мене, ми влезе точно во десниот бубрег, што ме болеше. Лебдев некое време над масата, а тоа беше неверојатно чувство.


Споменавте дека се сеќавате и на некое друго искуство?


Да, тоа беше втор пат во истиот замок, кога од таванскиот прозорец можев да видам на небото црн вселенски брод. Потоа повторно се најдов во куполата со малите вонземјани, но и со едно големо суштество, што по малку личеше на богомолка. Стоеше на крајот на масата и се обидуваше да ме смири, што на крајот му успеа. Не можев да се помрднам и не знам што ми правеа, се додека не поминав низ тунел исполнет со светлина и се најдов повторно во својот кревет. Да, тоа отприлика е се.
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот