X
 11.09.2016 Култура

Скриените тајни во најголемите уметнички дела

Најпознатите дела на големите уметници често кријат тајни од нивните животи, нивните најголеми желби и сокриени техники.

 

tajni


Огледалата на Рембрант


Рембрант е познат по специфичното користење и пренесување на светлината во неговите дела. Никој од неговите колеги не успеал толку верно да ја осветли сликата како што можел тој, а неговите техники со години биле голема мистерија. Имено, за да го создаде делото со скоро фотографска точност, Рембрант манипулирал со опкружувањето служејќи се со огледала и осветлување, како денешните фотографи.

Музиката во „Последната вечера“


Леонардо Да Винчи бил талентиран и во полето на музиката и пишувањето, па така неговото дело „Последната вечера“ било проследено со мала композиција. На сликата лебот, рацете на Исус и рацете на апостолите се наредени на тој начин што претставуваат музичка композиција.

Турбуленција во „Ѕвездената ноќ“

Сликата на Ван Гог „Ѕвездената ноќ“ била насликана во 1889 година, во текот на една од неговите најлоши психотични епизоди, и содржи научен факт откриен дури во 1940 година. Имено, Ван Гог во ова дело прикажал совршена турбуленција која се смета дека е потешка за опишување и од квантната механика. Исто така, останатите дела од овој период кои уметникот ги поминал во ментален азил, исто опишуваат совршени турбуленции, што ги навело истражувачите да мислат дека Ван Гог во времето на неговата ментална нестабилност, имал способност да види и да нацрта турбуленции долго време пред да бидат објаснети за прв пат.

Катарактата на Моне

Еден од главните импресионистички сликари е Колд Моне, чие секое наредно дело е насликано поматно од претходното и со помалку светли бои. Причината за ова е катарактата која го мачела Моне од година во година. Ова е најочигледно во неговите дела на кои е нацртан мостот во јапонски стил од неговата позната градина. Во текот на овој период, Моне поради неговата катаракта ја насликал градината од сеќавања.

Гоја и Џозеф Бонапарта

Шпанскиот уметник Гоја во 1823 година го насликал портретот на Дон Рамон Сату, врховен судија во Шпанија. 200 години подоцна, истражувачите откриле дека под портретот се наоѓа уште една значајна фигура на Џозеф Бонапарта, братот на големиот император Наполеон. Џозеф бил крал на Шпанија се' до 1813 година и Гоја го насликал неговиот портрет во периодот на неговото владеење. Сепак, во 1820 година Гоја сфатил дека е опасно да се поседува било што поврзано со тогашниот режим на Бонапарта, па го прекрил портретот со друг. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура