X
 12.09.2016 Живот

Германија е во потрага по шофери

Германија се соочува со недостиг на шофери за сите патнички возила: камиони, локомотиви, автобуси итн., особено во јавниот градски превоз.

автобус


Од Здружението на возачи во Германија потенцираат дека расте бројот на шофери што се пензионираат и можно е наскоро да нема кој да превезува патници на некои дестинации. Од Здружението велат и дека сé помалку има интерес за таа професија, па во моментот има недостаток од 800 до 1000 шофери. Дури и градови како Берлин очајно бараат потенцијални вработени каде просечната возраст на моменталните вработени е 50 години.

Со укнувањето на монополот на меѓуградските железници се јавил и недостатокот од шофери на долги релации. Германското Здружение за автобуски превоз се соочува со недостаток од 2000 шофери, а се очекува бројката да расте и во следните години да стигне до 10 000. Здружението се активирало и со кампања со слоганот „Почни нешто – биди возач на автобус“.

Со истиот проблем се соочуваат и во секторот за товарен патен превоз. Во моментов имаат околу 7000 млади што се подготвуваат и кои би потполниле празни места. Од Здружението за професионални возачи Волфганг Вестерман изјавиле дека и пензионери често се задржуваат подолго на работа заради овие причини. Исто така на големо се трага по шофери во државите од Европската Унија. За среќа во авиосообраќајот немаат проблем, за што велат дека имаат доволно пилоти.
Подготвил: Марта Димитров

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот