X
 12.09.2016 Образование

Мотивација, за вас, студенти

Општествата се опседнати со зборови и мудрости според кои треба да се живее. И додека за некого тоа е патетично, некому навистина нечии зборови му помогнале да успее во животот.

Мотивациона мисла

Така на пример зборовите на Елен Деџенерис (која денес е мега популарна, има над 11 милиони следачи на Твитер, а некогаш немала ништо и живеела во подрумска соба) за некого навистина се инспирација да се пронајде себе си.

Винсент Ван Гог
Ако слушаш глас кој ти вели дека не умееш да сликаш, тогаш сликај по секоја цена и гласот ќе стивне.

Марк Твен
Не оди наоколу велејќи дека светот ти должи живот. Ништо не ти должи. Тој прв е создаден.

Винстон Черчил
Успехот се состои од правење грешка до грешка без да се изгуби ентузијазмот.

Стив Џобс
Не дозволувај вревата од туѓите мислења да го задуши твојот внатрешен глас.

Нора Робертс
Ако не прашаш, одговорот секогаш ќе биде не.

Ц.С. Луис
Пред нас има многу подобри работи отколку сè она што сме оставиле зад себе.
Подготвил: А.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование