X
 13.09.2016 Живот

Неверојатниот гест на учениците кон нивниот омилен наставник

Aмериканскиот наставник Бен Елис моментално се соочува со најголемата битка во неговиот живот- битката со ракот.

 

наставник


Но, учениците од неговото училиште одлучиле да му дадат поддршка на прилично прекрасен начин - тие се собрале под неговиот прозорец и му запеале. Елис работи во академијата „Christ Presbyterian“ во Нешвил, а неговата колешка Лесли Пондер вели дека идејата била на самите ученици кои очигледно го обожаваат.

Сите 400 ученици се упатиле кон неговиот дом, и заедно со наставниците го создале ова прекрасно видео прегледано повеќе од 18 милиони пати.

„Сите го сакаме Елис и неговото прекрасно семејство. Децата одлучиле на прекрасен начин да ја вратат љубовта кој тој им ја даваше низ изминативе години. Тој е дефиниција за тоа како треба да биде еден наставник“, пишува еден родител на неговиот профил.

 


Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот