X
 13.09.2016 Наука

Одржан мастер клас со оскаровецот Алан Старски во рамките на филмскиот фестивал "Браќа Манаки"

Светски познатиот филмски сценограф, оскаровецот Алан Старски, во рамките на програмата „Првите филмови први“, организирана во соработка со Гете Институтот, денес одржа мастер клас на кој, на студентите, младите режисери и останатите заинтересирани гости им ги претстави различните аспекти на современата филмска сценографија и дизајн на филмот.

 

1


Старски има освоено Оскар за сценографија на „Schindler's list“, филм под режисерската палка на Стивен Спилберг.

„Директорот на фотографија заедно со продукцискиот дизајнер се тие му овозмужуваат на режисерот на филмот да ги оствари своите соништа. Практично, авторот на дизајнот на филмот е архитект на соништата“, рече Старски.

Дополнително, директорот на фестивалот Благоја Куновски заедно со уметничкиот директор Гена Теодосиевска претставија уште тројца кинематографери од помладата генерација, чии филмови се дел од Главната компетиција и програмата „Перспективи на европскиот филм“.

На фестивалот гостуваат кинематограферот Јани Петери Паси од Финска и Давид Гајч и Акос Ковач од Унгарија.

 

2


„Финска е мала држава, а филмовите обично не добиваат големи буџети. И покрај тоа, среќни сме што годишнно имаме  15 премиери, што може да се смета за добар успех“, вели Паси.

Младите Унгарци пак, имале можност да работат во тим од 13 кинематографери заедно со режисерот Заболч Хајду на нискобуџетниот филм „Не е времето на мојот живот“ за кој ја добија наградата „Кристален глобус“ на фестивалот во Карлови Вари.

„Искрено, беше малку чудно тринаесет кинематографери да снимаат еден филм. Секој ден по еден од нас снимаше, а останатите работеа како техничка поддршка. Филмот го снимивме за три недели, во станот на Заболч. Практично живеевме кај него дома и бевме како дел од неговото семејство, кое патем глуми во филмот“, вели Акос Ковач.

Во рамките на фестивалските настани, денес се одржа и презентација на потпрограмата МЕДИА од програмата Креативна Европа на ЕУ, наменета за европската аудиовизуелна индустија и поддршка на европските филмските работници за развој на нови филмски проекти.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука