X
 13.09.2016 Спорт

Параоимпијци со подобар учинок од олимпијците

Дури и четвртопласираниот би освоил злато во августот во Рио.

Во неделата, 11 септември, Фуад Бака од Алжир ја заврши трката на 1500 метри за 3 минути и 49,59 секунди на стадионот Маракана во Рио де Жанеиро.

Тоа е толку голема брзина што доколку со истото време Бака би завршил на истиот стадион во августот, би го победил Метју Сентровиц Џуниор од САД и би го освоил олимпискиот златен медал. Сентровиц истрча за 3 минути и 50 секунди.

Но, Бака не настапуваше на Олимпијадата, туку се натпреваруваше на Параолимпијадата, каде што не еден или двајца, туку тројца тркачи ја завршија трката пред него.

Бака заврши четврт во финалето на 1500 метри за натпреварувачи со оштетен вид. Пред него на целта пристигнаа носителот на бронзениот медал, Хенри Кинва, од Кенија (3:49.59), второпласираниот и сребрен, Тамиру Демисе, од Етиопија (3:48.59) и златниот, Абделатиф Бака, патем и брат на четвртопласираниот Фуад Бака (3:48.29).

По завршувањето, победникот изјави дека патот до златниот медал не му бил воопшто лесен. “Работев без престан една или две години, што беше прилично тешко за мене”, рече Абделатиф.


Трка на 1500 м на Параолимпијада
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Спорт