X
 14.09.2016 Образование

Новиот ректор Никола Јанкуловски: Ќе работиме УКИМ да биде посилен и значаен фактор во европскиот образовен простор

Многу мудрост и трпение на новиот ректор Никола Јанкуловски и петтемина проректори денеска им посака досегашниот ректор на УКИМ, Велимир Стојковски. Токму еден ден пред почетокот на новата академска година, Јанкуловски беше инаугириран и ќе го преземе четиригодишниот мандат. Тој нагласи дека како најстар и најголем универзитет, УКИМ треба да продолжи да дава значеан придонес во промоцијата на квалитетот на високото образование.


Фото: МИА

-Низата нерешени прашања во високото образование треба што поскоро да најдат соодветна разрешница. Убеден сум дека сите заедно можеме заеднички да работиме и само на тој начин да го направиме УКИМ подобар, посилен и значаен фактор во европскиот заеднички образовен и истражувачки простор. Универзитетот перменентно ќе работи во насока на зајакнување на својата позиција како рамноправен и респектабилен член во европското и во светското академско опкружување - рече Јанкуловски.
Тој посака конструктивна соработка со деканите и професорите, се со цел да унапредува работата на Универзитетот.

Нови проректори на УКИМ се: Вуиса Живковиќ – за настава, Гордана Јосифова-Неделковска – за меѓународна соработка, Билјана Ангелова – за финансии, инвестиции и развој и Владимир Петрушевски – за наука.

Стојковски, кој го водеше универзитетот осум години, посака новиот состав на ректоратот да направи повеќе од претходниот, „затоа што само ако нашите наследници прават повеќе, само така можеме да одиме напред“.

Никола Јанкуловски беше декан на Медицинскиот факултет. Тој е абдоминален хирург и на факултетот го предаваше предметот хирургија. Од 2007 до 2009 година бил директор на Универзитетска клиника за дигестивна хирургија. Добитник е на наградата „Св. Климент Охридски“ од областа на здравството во 2013 година и наградата „11 Октомври“ во 2015 година.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование