X
 14.09.2016 Култура

САД со нови визни правила

обама

 

Администрацијата на Обама предложи нови правила за имигрантите кои ќе овозможат претприемачите родени во странство ќе можат да останат во Америка до 5 години ако поседуваат значителен дел од компанија која има потенцијал за „брз бизнис раст и создавање на работни места“.


Имигрантите претприемачи кои поседуваат најмалку 15% од компанија и имаат активна и централна улога во работењето на компанијата, се квалификувани да аплицираат за привремена дозвола да престојуваат во Америка во период од две години. Ако им е дозволено, тие можат да аплицираат и да ја зголемат визата за дополнителни три години.

Меѓутоа не секој инженер со добра идеја ќе успее да добие виза. За да се квалификува, компанијата ќе мора да собере најмалку 345.000 долари од квалификувани американски инвеститори или да добие 100.000 долари во грантови од избрани владини агенции. Други „сигурни и убедливи докази“ се способноста компанијата да порасне и да создаде дополнителни работни места.

Таканаречената „start-up visa“ беше објавена во петокот од Одделот за домашна безбедност. Оние за и против предлогот имаат 45 дена да го коментираат пред да се донесе одлука.

Целта на новото правило е да се избегнат постоечките закони кои ги принудуваат паметните образовани емигранти да се вратат во сопствената земја на потекло секоја година. Имигрантите помогнале во создавањето на голем број успешни компании и бизниси во Америка, а поголемиот дел од нив се наоѓаат во Силициумската долина.

Имиграцијата повторно се најде во центарот на вниманието откако републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп го омекна својот став за депортирање на недокументираните емигранти во последните неколку дена. Но, прашањето остана постојан предизвик за Конгресот, кој не е во можност да ги надмине партиските поделби и да помине пошироки реформи. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура