X
 14.09.2016 Живот

Животот и бегството од Северна Кореја низ очите на еден студент

Сунгџу Ли се согласи да одговори на прашања од корисниците на социјалните мрежи поврзани со неговиот живот, неговото бегство од Северна Кореја, нуклеарните провокации на режимот и прилагодувањето на животот во Велика Британија.

 

северна


Слободното време во Велика Британија наспрема слободното време во Северна Кореја и дали би го поминувал различно доколку би живеел во Северна Кореја?

„Обично гледам филмови и играм фудбал, а понекогаш читам и книги. Секако дека во Северна Кореја би било различно. Не знам ни дали сега би бил жив ако живеев во Северна Кореја“.

Учење англиски - Како успеа да бидеш во чекор со образованието неопходно за универзитет, особено вештините по англиски јазик? Дали ова образование го стекна во Северна Кореја или откако се пресели?


„Кога стигнав во Јужна Кореја мислев дека парите се нешто најважно, такашто пронајдов работа на бензинска пумпа и продавница.

Еден ден видов еден девојка облечена во костум - изгледаше многу професионално, што ме натера да помислам: Како јас би можел да бидам оваа личност за 10 или 20 години? Одговорот беше дека морам да учам. Кога имав 19 години, избегав во Јужна Кореја, започнав да учам англиски и потоа посетував училиште за да ги добијам соодветните квалификации“.

Медиумската покриеност - Што мислиш за медиумската покриеност во Велика Британија за животот во Северна Кореја и политиката во оваа земја? Дали е правилна?

„Британците воглавно покриваат нуклеарно оружје и ирационалноста на режимот, меѓутоа би сакал да видам како се фокусираат на секојдневните животи на луѓето и страдањето на бегалците кои живеат во Кина.

Постојат бегалци меѓутоа тие немаат кампови во кои можат да престојуваат, а кинеската влада смета дека тие се нелегални емигранти. Би сакал Британија да има поголема медиумска покриеност за ова“.

Дали се плашиш за твојата безбедност - Дали се'уште се плашиш за твојата лична безбедност иако си далеку од Северна Кореја? Дали некогаш ќе се чувствуваш безбеден?


„Навистина зависи од ситуацијата и местото каде живеам. Ако живеев во Кина би чувствувал страв, меѓутоа во Јужна Кореја или Велика Британија се чувствувам безбедно“.

Литература - Дали си прочитал некоја книга напишана од бегалец или книги напишани на Западот за Северна Кореја? Како се совпаѓаат со твоето искуство?

„Имам прочитано книги од бегалци - генералното искуство е слично, но постојат разлики во деталите бидејќи секој град во Северна Кореја е доста изолиран - како што е различен животот во Лондон и Ковентри во Бирминген.

Исто така сум прочитал книги за Северна Кореја напишана од луѓе од Западот; тие повеќе се насочени кон режимот на Ким и животот во Пјонгјанг. Меѓутоа постојат други две заедници во и надвор од Пјонгјанг“.

Дали луѓето од Западот треба да ја посетат Северна Кореја?

„Ова е навистина тешко прашање - лично би сакал да ги советувам да не одат бидејќи сите пари што ќе ги потрошат одат во владата, што не е добро, меѓутоа не можам да ги натерам да не одат бидејќи го имаат правото да патуваат каде сакаат“.

Дали Севернокорејците веруваат во пропагандата? - Дали сите Севернокорејци веруваат во пропагандата на Ким или ја знаат вистината меѓутоа се плашат од него? Што би можела да направи Кина за да помогне?

„Веруваа, меѓутоа сега со протокот на информации во земјата повеќе не веруваат и не се грижат за пропагандата. Сега луѓето се грижат за нивните секојдневни животи, иако се преправаат дека ја почитуваат владата бидејќи се плашат од казните“.

Животот во уличните банди - Велиш дека си бил дел од уличните банди во Северна Кореја. Кое е твоето искуство и дали постојат многу бездомници кои живеат на улиците во Северна Кореја?


„Станав бездомник и заедно со 6 пријатели станавме улична банда. Се придружуваш за да успееш, да се заштитиш еден со друг, меѓутоа бевме ранливи и често пати луѓето умираа на улица. Во тоа време имаше многу бездомни деца, но немаа никаква поддршка од владата. Повеќе беа заинтересирани за чистење на железничката станица каде многу од нас живееја, па често не' исфрлаа од таму во зима кога температурите беа пониски од -15 степени“.

Дали би постоела Северна Кореја без Ким Јонг-Ун?

„Не знам.. не би можел да ја предвидам иднината за 5-10 години. Постојат шпекулации дека има физички проблеми, меѓутоа ако умре Северна Кореја не би ја снемало толку лесно“.

Дали Севернокорејците веруваат дека живеат во рајот за работниците? - Дали повеќето луѓе ја мразат ситуацијата во којашто се наоѓаат и се преправаат бидејќи се плашат?


„Повеќето луѓе ја мразат ситуацијата меѓутоа постојано им се кажува дека сето тоа е создадено од Америка. Луѓето исто така живеат во страв поради политиката на казнување на три генерации: ако направите грешка против владата тогаш вие и целото ваше семејство ќе биде испратено во затворски камп доживотно под обвинение за велепредавство.

Како избега и како го финансираше твоето бегство?

„Кога имав 12 години мојот татко замина во Кина за да ни донесе храна, и тогаш успеа да избега од Северна Кореја. Таму успеа во животот и испрати човек од Јужна Кореја да ме одведе таму. Го чинеше многу пари“. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот