X
 17.09.2016 Живот

Роалд Дал: "Некаде длабоко во сите нас се наоѓа моќта да го промениме светот!"

Делата на британскиот автор Роалд Дал ги инспирирал и забавувал генерациите на деца и возрасни. Во вторникот беа одбележани 100  години од неговото раѓање, а неговите книги и мисли вечно остануваат да не' инспирираат во животот.

 

roald


„Сфатив колку е важно да се биде ентузијаст во животот. Ако си заинтересиран за нешто, без разлика што е, движи се кон него со целосна брзина. Прегрни го со двете раце, сакај го и над се' имај страст кон него. Рамнодушноста нема да помогне“.

„Ако една личност има грди мисли, тогаш тие започнуваат да се покажуваат на нејзиното лице. А кога оваа личност има грди мисли секој ден, секоја недела, секоја година, лицето станува се' погрдо и погрдо се' додека не стане толку грдо што човек не може да поднесе да гледа во него.

Личност која има добри мисли не може да биде грда. Може да има крив нос и крива уста, лоша брада и криви заби, меѓутоа ако има добри мисли тогаш тие ќе сјаат од нејзиното лице како сончеви зраци, со што секогаш ќе изгледа прекрасно“.

„Никогаш не ги прави работите на пола ако сакаш да успееш во нешто. Биди жесток. Oсигурај се дека се' што правиш е толку лудо што е неверојатно“.

„... И над се', гледај го со светкави очи целиот свет околу тебе бидејќи најголемите тајни секогаш се скриени во најнеобичните места. Оние кои не веруваат во магија никогаш нема да ја најдат“.

„Кога пишуваш за себеси, мора да бидете вистинити. Вистината е многу поважна од скромноста“.

„Повеќето од возбудливите работи кои ги правиме во нашиот живот не' плашат до смрт. Не би биле возбудливи ако не не' плашеа“.

„Не е важно кој си и како изгледаш, се' додека некој те сака“.

„Ако бев директор, ќе се ослободев од наставникот по историја и наместо него ќе вработев чоколаден наставник“.

„Некаде длабоко во сите нас е моќта да го промениме светот“.

„Нема непознати тука, само пријатели кои не си ги сретнал...“
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот