X
 17.09.2016 Образование

ТОП 6 бенефиции што ги уживаат студентите на Универзитетот за Туризам и Менаџмент Скопје

1. Меѓународно призната диплома и програма.
Дипломци од додипломски и постдипломски студии на УТМС градат успешни кариери во САД, Монако, Дубаи, Грција, Португалија, Шведска и многу други земји. Светски признатата диплома и програма им дозволува на студентите на УТМС до добијат вработување во било која земја во светот.



2. Интерактивна настава и непосредна комуникација со професорите.
Консултации во секое време од работниот ден, кафиња со професорите и деканите, постојана е-маил комуникација и достапоност на академскиот кадар за студентите се секојдневие на УТМС. Високата профилираност, како и знаењето и вештините на академскиот кадар е претворена во достапен капитал за студентите на УТМС.



3. Интернационална заедница.
УТМС е честопати домаќин на конференции, проекти и делегации од академски и бизнис карактер кои освен што носат исклучително корисно искуство, туку се необично интересни и забавни за студентите.



4. Учење преку работа и пракса.
Наставата е методолошки структуирана според светски академски стандарди, сведена на потребите на современиот студент и модерниот професионалец. Во неа, доминантен дел има учењето преку работа која се одвива преку пракси во високореномирани компании, вработувања и работа на проекти. Сите студенти на УТМС имаат почетна деловна култура и подготвеност за практична работа.



5. Патувања, патувања, патувања.
Глобалноста на современиот живот е во целост достапна за секој студент на УТМС. Посета на светски саеми, конференции, работа на интернационални проекти, можност за студии во странство и бројни други активности интегрираат патувања низ светот за време на студирањето на УТМС.



6. Забава!
Фактот дека студентските денови се еден од најубавите периоди од животот на секој човек е сериозно интегриран во студиите на УТМС. Журките, забавите, дружењата и патувањата на студентите на УТМС се добар дел од програмата во студиите.



Дојдете и уверете се:
https://www.facebook.com/UTMS.Skopje/ | http://utms.edu.mk/

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование