X
 19.09.2016 Технологија

6 работи кои ја загрозуваат вашата безбедност на Интернет

Живееме во време кога се функционира на Интернет, односно во онлајн светот. Секојдневно се користат тие можности што ни се пружаат преку глобалната конекција, дознаваме нови информации, но и постојано можеме да оствариме контакт со познаниците а и со странци. Но, нашата безбедност ја имаме само со тоа што употребуваме лозинки, кои секогаш можат да бидат мета на хакерите. 

 

 

 

Mashable нуди шест начини за да се зашитите на Интернет :

 

1. Користење на јавно Wi-Fi

Јавните мрежи можеби се најголемата опасност за нашите податоци. Сите имаат еднаков пистап на мрежата што значи дека секоја информација која ја поставувате на Интернет е изложена на илјадници луѓе, кои можат да го злоупотребат тоа. Потребно е да се ограничи користењето на овие јавни мрежи и да бидете свесни за ризикот. Најмногу внимавајте со финансиските трансакции кои ги реализирате спроведувајќи јавна мрежа.

2. Споделување на приватни информации преку е-мејл

Електронската пошта и натаму е најпопуларниот начин за комуникација, но мејловите кријат голема опасност особено кога се споделуваат лични информации, бидејќи освен тие информации, мејловите содржат и лозинки кои ги користиме и за логирање на други веб страни.  За секој случај имајте дополнителна е-мејл адреса и никогаш не пишувајте нешто за кое што не сакате да дознае трета страна.

3. Премногу објавувања на социјалните мрежи

Социјалните мрежи се идеална платформа за покажување на детали од вашиот живот, но внимавајте како тие информации не би завршиле во погрешни раце : каде живеете, каде и кога излегувате, изгледот на вашиот дом и слично. Особено бидете внимателни со вашата лична адреса. Повеќе пати проверувајте ги сигурносните опции и одбегнувајте објави кои ги содржат вашите лични информации.

4. Пополнување на онлајн обрасци

Поголемиот број од веб сајтовите бараат пополнување на лични информации како што е е-мејл адреса и целосно име и презиме. Поголемиот дел од ваквите барања не се опасни, но важно е да се биде внимателен и во овој случај, за овие информации да не се користат за сомнителни цели. Секогаш бидете информирани за страниците на кои пополнувате обрасци, бидејќи поголемиот број на службени страници и самите гарантираат заштита на личните податоци.


5. Користење на слаби и често повторувани лозинки

Покомплицираните лозинки се потешки за паметење, па често се одлучуваме за поедноставни. Но, на тој начин нашите лични податоци се повеќе изложени на ризици заради тоа што лозинките се полесни за пробивање. Секогаш одлучувајте се за посложени лозинки, кои подразбираат комбинација на букви и бројки, а и за секој страница користете различна лозинка.

6. Прифаќање на одредби за приватност без да прочитате

Често се случува да се кликне на копчето за согласност на веб сајтовите кои го бараат та од вас. Најпрво информирајте се за веб сајтот, а потоа прочитајте што подразбира таа согласност за приватност која ја бара веб страницата.

Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија