X
 20.09.2016 Култура

Мапа на светот според јазиците кои луѓето сакаат да ги научат

Вебсајтот за учење на јазици Duolingo објави истражување спроведено на 120 милиони корисници ширум 194 земји, за да се открие кои јазици луѓето најмногу сакаат да ги изучуваат.

 


Шпанскиот е доста популарен во Велика Британија, САД и некои скандинавски земји, сепак англискиот јазик е најпопуларен, покажуваат резултатите.

 

 

 



Францускиот јазик е вториот популарен јазик за изучување, во 77 земји.


Матичниот јазик во Шведска е исто така многу баран, заради тоа што таму има голем број на доселени лица. Иста е ситуацијата и во Норвешка со норвешкиот јазик.

Процентот на лица кои учат англиски на сајтот е навистина висок во сите змеји, во некои дури и 100 проценти.
 



А некаде бројките се намалени за францускиот јазик.

 



Во South China Morning Post визуелизирана била релативната популарност на 23 -те најкористени јазици според бројот на оние кои ги зборуваат ширум светот.


Кинескиот јазик доминира во визуелизацијата, со бројка од 1.197 лица на кои тоа им е мајчин јазик. 
Во секој случај, истражувањето потврдува дека најпопуларниот јазик за учење е англискиот, со бројка од 1.5 милијарди луѓе кои во моментот го изучуваат.




Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура