X
 20.09.2016 Живот

Татко пишува писмо до својата ќерка за честа на мажите

Бенџамин Слеџ е раскажувач кој на својот блог објавил прекрасно писмо посветено на својата ќерка Аделаида. Во него тој и објаснува за искуството во војната и за честа на мажите.

човек


Моја најдрага Аделаида,

Еден ден ќе ме прашаш „Тато, каква беше војната?“ и јас ќе се смрзнам како елен фатен пред светлината од фаровите. „Како треба да одговорам такво прашање?“ се прашувам. Особено на млада девојка, љубопитна за она што го учела во училиште.

„Тато беше во војната. И во двете. Ги гледам неговите медали во ходникот!“ Можеби ова ќе и го кажеш на наставничката. Но, кога ќе растеш како тинејџер, ќе имаш повеќе прашања и замислувам дека ќе бидам енигма понекогаш.

Наместо тоа ќе ти кажам за младите мажи и честа:

Кога бев младо момче ми беше кажано од други момчиња дека ништо не е подобро од слободна рака нагоре по кошулата на девојка во средина на темен театар. Ми беше чудно бидејќи јас само сакав таа да ми се смее и да ми ја држи раката. Тие ми рекоа дека држењето раце е за „слабаци“.

Постои ужасно нешто што се случува во главата на младото момче кога се соочува со другите членови на друштвото. Не сакаш да бидеш оставен сам да ловиш поради стравот дека тоа можеби ќе се сврти и ќе те проголта. Па кога ќе ти речат да тргнеш надолу по невината газела, срамежливо ќе се согласиш за да докажеш дека си член на племето.

Би сакал да можев да кажам дека татко ти беше чесен човек кога беше млад, но не. Трчаше со племето, па дури и беше лидер одредено време. Ловеше ноќе како бесен волк или ненаситен вампир. Се хранеше со оние што ги сметаше за слаб и лесен плен. Дури имаше и силни кои ги гледав како предизвик и како што секој вампир мами, бев шармантен додека не го оставам пленот полу мртов или исушен.

Постои одреден ненаситност што младите мажи ја имаат кога се несигурни. Затоа често ловиме жени. Мојата ненаситност исчезна во војната. Некои мажи се нервираат, некои плачат по мајките. Јас молев да не бидам пратен на фронтот.

Нема да те лажам Ади. Луѓе умираа и бев преплашен. Но некои мажи покажаа чест до моментот на смртта. Цел вод одби да пука во мало девојче кое носеше муниција на непријателот секој ден. Оваа одлука чинеше животи. Други мажи би го охрабриле куршумот и смртта за да спасат ранет пријател. Еден му ја држеше раката на пријател војник и му кажуваше дека „ќе биде во ред“ додека тој не почина. Не беше важно што се пукало во него. Некои ги делеа оброците со сиромашни фармери.

По војната гледав на честа со други очи за разлика од мажите што не се бореа. Една вечер, седев со група мажи во локален паб на пиво, кога еден од присутните почна да ги фали сексуалните подвизи на пријател што бил неверен. Потсмевот дојде до пресврт кога еден глас се појави во смеата:

„Колку жален изговор за сопруг.“

Смеата замре а мажите гледаа вкочането во пивата еден долг момент одбивајќи да погледнат кон оној што ги дефинира, додека тој зјапаше со намера да ги предизвика.

Не знам каква ќе биде иднината на состанувањето за тебе по многу години или како ќе те третираат мажите. И сега знам, колку и да сакам, не можам да те заштитам од сите мини и чакали што не се контролираат. Ќе мораш да научиш да се справуваш сама со нив.
Но, ќе ти кажам што да бараш. Барај чест. Барај интегритет, несебичност, пожртвуваност и сочуство. Пронајди ги тие што се борат за правда и верност. Но, над настојува за смиреност и кроткост. Немој како мнозинството да мислиш дека тоа е слабост. Понизноста, кроткоста е сила обвиткана во скромноста драга ќерко. Тоа е сила под контрола во свет во кој многумина се надвор од неа.

Немој да ги мешаш кадифените зборови и чинот на отворање на вратата со чест. Наместо тоа, набљудувај како ги третира другите, келнерот, бездомниците и маргинализираните. Затоа што, ако видиш како ги третира оние што се горе и оние што се долу, ќе сфатиш како ќе те третира тебе кога ќе си долу и кога ќе си горе. Обрни внимание на оваа мудрост и немој да се разочараш затоа што и чесните мажи може да ти го скршат срцето. Мажот без чест ќе те остави по СМС, Снапчат или едноставно ќе те игнорира. Но, мажот со чест ќе ти го скрши срцето лице в лице. Не очајувај за ова што го читаш, можеби ќе бидеш искушена да веруваш дека чесните мажи исчезнале во годините пред да се родиш. Тие постојат. Мораш да ги бараш нив и тоа може да потрае години и години затоа што ќе сретнеш многу мажи без чест. Не ги обвинувај. Имале татковци што не знаеле да ги истренираат своите синови како треба да оди еден маж. Многу пораснале без машка фигура да им објасни како изгледаат честа и интегритетот. Сочувствувај со нив. Укажи за нив на други мажи кои гледаш дека се однесуваат со чест.

Те оставам со ова на крај, Ади. Кога ти се роди, моето срце беше твое и не сакав ништо повеќе освен да те заштитам, да те бакнам по лицето и да гледам како се смееш. Еден ден, се надевам дека ќе го сретнеш човекот што ќе се чувствува исто така.

Со љубов,
тато.
Подготвил: Марта Димитров

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот