X
 21.09.2016 Култура

"Јас сум затвореничка: Мојот злочин е што сум родена како жена во Саудиска Арабија"

Анонимнa жена од Саудиска Арабија почнала да ја раскажува за Си-Ен-Ен, својата животна приказна велејќи: ". Јас сум мртва душа во живо тело, и се надевам дека нема истото да и се случи на мојата помала сестра" Таа е дел од големиот број на жени од Саудиска Арабија, која преку социјалните мрежи се обиде да се спротивстави на репресивниот систем на мажите во нејзината земја.

После разговорот со десетици жени во Саудиска Арабија, група која работи на заштита на човековите права, заклучила дека горчливото прашање во оваа земја е токму прашањето за почитување на човековите, или поконкретно, правата на жените.


Саудиска Арабија


Во извештајот, групата активисти кои се жени, откриваат дека за секое движење мора да бараат дозвола од машкиот старател чувари - за патување, брак, работа, посета на лекар. Овој извештај покрена кампања на социјалните мрежи под наслов:"Ајде да застанеме заедно за крајот на машкото старателство!"

Во кампањата се вклучија многу жени од Саудиска Арабија, а со тоа ризикуваат да се соочат со гневот на нивните старатели, па дури и прогон. На социјалните мрежи се појавија голем број на селфи фотографии на жени, Саудијки со пораки: "Ропството доаѓа во многу форми, машкото старателство е една од нив" и "Јас сум затвореничка, а моето единствено злодело е дека сум од Саудиска Арабија".


жени


Главниот муфтија на Саудиска Арабија, кампањата ја нарече “стратешко оружје против земјата и муслиманите“, додавајќи дека старателството на мажите во однос на жените е нешто што нема ниту да се промени, ниту да се укини.

“Жените се тука заложнички, тие не можат ништо да сторат. Сè зависи од старателот. Ако имате среќа, старателот може да ви дозволи да најдете работа или да студирате, но поголемиот дел тоа ќе ви го забранат ", продолжува раскажувајќи анонимната жена.

Без оглед на социјалниот или економскиот статус, жените се во рацете на малцинските старатели и немаат право на самостојно донесување на одлуки. Некои жени се обиделе со поднесување на пријава во полиција, но во повеќето случаи полицијата ги враќала назад во своите домови.


саудиска арабија


Друга жена која исто така разговараше со Си-Ен-Ен, рекла дека таа студирала во странство одредено време, а за време на посетата во својот дом, нејзините старатели и соопштиле дека нема да може да продолжи со студиите. "Тие ми го одзедоа мојот пасош и сите други документи"- раскажала жената.

Салма е жена, која успеала да избега, се наоѓа во странство и сега бара азил. Таа вели дека се плаши од помислата да се врати дома: "Законски никој таму не ве сфаќа сериозно, доколку не сте маж. Јас не можев да направам ништо без дозвола на мојот татко. Системот е на негова страна. Сакав да свирам на пијано и да јавам коњ, но тие се активности кои се спротивставуваат на нашата традиција "- објаснила Салма.


машки старатели


Салма за време на посетата во амбасадата на Саудиска Арабија, во земјата во која моментално се наоѓа, дознала дека не може да го продолжи рокот на траење на нејзиниот пасош без дозвола на таткото, иако законски таа е полнолетна.

Саудиска Арабија во последните неколку години има направено многу мали чекори за изменување на постоечки систем. Минатата година за првпат на жените им било дозволено да гласаат на избори, а има и заговорници кои зборуваат дека тоа е лага и дека земјата тоа го соопштила за меѓународната јавност, говорејќи за воведување на измени.
SaveSaveSaveSave
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура