X
 21.09.2016 Образование

Студент објави видео од празнa студентскa мензa, одговорните демантираат

“Веќе трет ден нема вечера. Ете каква е стостојбата во студентските мензи во 19 часот, иако вечера мора да има до 20 часот“. Ова го напишал студент на својата Фејсбук страница и објави видео на кое се гледа дека во мензата нема храна за студентите. На видеото може да се слушне дека студенти се расправаат со вработените и прашуваат зошто нема храна уште во 19 часот, иако вечера се служи до 20 часот.Тие пак им враќаат дека треба да се обратат кај одговорните во Кузман. Една од вработените им вели и дека колку добиле храна толку дале на студентите.




Реакција по објавеното видео кое веднаш се прошири на социјалните мрежи и предизвика големо внимание, веднаш пристигна од Државниот студентски дом „Скопје во која велат дека со оваа информација само се дискредитира работата на домовите.

-Државниот студентски дом Скопје реагира на објавите во врска со недостигот на храна за корисниците на нашите услуги , од причина што ваквите манипулативни текстови и лиферувани информации со единствена цел-дискредитација на работата на домовите , стануваат вообичаена практика во овој период од годината , кога актуелно е сместувањето на студентите во нашите капацитети , но и во предизборните периоди. Информираме дека оброците се набавуваат на дневна основа , согласно одредбите во законските и подзаконските акти и согласно бројот на сместени студенти, кои се опслужуваат во вообичаените временски периоди од денот. Со полна одговорност продолжуваме да работиме понатаму и во иднина бараме пред да биде објавен било каков текст со содржини слични на денешната, да се проверат состојбите и да се побара став и од страната која се критикува- пишува во соопштението.

Студентите и песната "Леб од менза"


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование