X
 22.09.2016 Политика

Yahoo го потврди хакерскиот напад на нивниот систем и се сомнева дека е изведен со државна поддршка


Податоци што содржат имиња, лозинки, e-mail адреси, телефонски броеви и безбедносни прашања биле одземени од мрежата на Yahoo кон крајот на 2014 година.


Хакерите одзеле лични податоци од 500 милиони профили на корисници на Yahoo, потврди Sunnyvale, компанијата стационирана во Калифорнија.

Од компанијата веруваат дека оваа група постапила под покровителство на државата.

Компанијата го истражува отстапувањето во спроведувањето на законот, и верува дека податоци поврзани со кредитни картички и други банкарски детали немало меѓу украдените фајлови. 

„Тековната истрага покажува дека украдените информации не вклучуваат незаштитени лозинки, податоци од платежни картички или банкарски сметки – такви информации не биле зачувани во системот и истрагата не ги прикажала како погодени при нападот“, пишува во изјавата од компанијата.

Yahoo ги известува профилите на корисниците што биле мета на нападот и ги потсетува да ги променат своите лозинки. Исто така, компанијата ги оневозможила безбедносните прашања, што значи дека не може да се користат за пристап до профилот.

„Yahoo ги охрабрува своите корисници да ги проверат нивните профили од можни сомнителни активности и да ги променат лозинката и безбедносните прашања и одговори истовремено на сите Yahoo профили каде што им се повторуваат како информација“, велат од компанијата.

Аналитичарите и стручните лица сметаат дека Yahoo се наоѓа пред егзистенцијална криза.


yahoo
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Политика