X
 23.09.2016 Технологија

Германија ќе го креира првиот код за автономни автомобили


Трите закони за “роботските“ автомобили ќе воведат одговорност за судири кај креаторите на автономни возила, ставајќи ги на иста правна основа, како и човечките возачи.

Овој месец, министерот за транспорт на Германија, Александар Добриндт, предложи нацрт-закон за да ја обезбеди првата правна рамка за автономни возила. Со него  ќе се регулира начинот како овие автомобили ќе настапат при судири, каде што може да се изгуби човечки живот.

Законите се обидуваат да се справат со она што некои го нарекуваат "долината на смртта" на автономни возила: сива зона помеѓу полу-автономни и целосно без возач автомобили.


Германија


Добриндт сака три нешта: дека автомобилот секогаш избира оштетување на имот од лична повреда, дека никогаш нема да прави разлика меѓу луѓето врз основа на категории како што се возраста или раса; и дека ако човек ги отстрани неговите или нејзините раце од воланот за да провери е-мејл, да речеме, производителот на автомобилот е одговорен, доколку се случи судир.

"Промената на Законот за патен сообраќај ќе дозволи целосно автоматско возење. Тоа ќе ги стави целосно автономните автомобили на еднаква правна основа како и човечките возачи“- вели министерот.

Недостатокот на јасност за тоа кој е одговорен за работата на овие возила е главна точка на конфузија меѓу производителите, потрошувачите и адвокатите.

“Прашањето на одговорност е најголем проблем кај сите нив"-вели Наташа Мерат од Универзитетот во Лидс, Велика Британија.

Во САД, упатствата за компаниите за тестирање на автомобилите без возач, наведуваат дека човекот мора да го задржи неговото внимание на патот цело време. Ова е исто така, претпоставка зад осигурувањето во Велика Британија за автономните автомобили, која беше воведена на почетокот на оваа година, која препишува дека човекот  треба “да биде буден и да го следи патот" во секој момент.

Но, тоа не е она на што многу луѓе мислат кога размислуваат за автономни автомобили. "Кога ќе се каже "автомобил без возач", луѓето очекуваат “автомобил без возач“- вели Mерат.

Таквата конфузија може да биде делумно виновна за двете фатални несреќи кои ги вклучуваат автомобилите на Тесла, оваа година. Во САД, Џошуа Браун, наводно, гледал ДВД кога неговото возило удрило во автопилотен автомобил, поради што починал на лице место.

И во Кина, Гао Јанинг загинал кога неговиот автомобил се удрил во автопилотен автомобил на кривина. Неговото семејство верува дека возилото било автоматско управувано, па така го тужат Тесла.

"Очекувањата на потрошувачите имаат значајни правни последици"-вели Џејмс Андерсон, адвокат и научник за однесување на “RAND Corporation“ во Питсбург, Пенсилванија.

Министерот и другите се за 10 секундно правило, кое бара човекот да биде доволно буден да ја преземе контролата на возилото во рок од 10 секунди. Слично на тоа, Мерцедес може да бара возачот да го допре воланот неколку пати во минута.

Но, 10 секунди може нема да бидат доволно. "Само затоа што сте ги ставиле вашите раце назад на воланот, не значи дека го контролирате возилото", вели Mерат.

Таа откри дека на луѓето им се потребни 40 секунди за да го вратат фокусот, во зависност од она што го прават во тој момент. Поради недостатокот на јасност, Mерат смета дека некои производители на автомобили треба да почекаат додека автомобилите не бидат целосно автоматски, без никаква човечка асистенција.

“Автономните автомобили може да завршат како вид јавен превоз, наместо возило што го поседувате, вели Рајан Кало од Универзитетот Стенфорд, Калифорнија. Тоа се случува и во Велика Британија и Сингапур, каде што Владата обезбеди "автономна капсула".
SaveSaveSave
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија