X
 23.09.2016 Култура

Овие места се` уште не ги допрела туристичката индустрија, а се преубави


Кога размислуваме за одмор, некако по инерција ги бираме комерцијалните места, случајно да не се доумориме ако седнеме да побараме нешто ново и различно. Логиката ни е туристичка: Чим толку луѓе одат таму, мора да го бива местото. Но, не мора да значи дека е секогаш така. На светот постојат безброј нестварни места, токму тоа што му е потребно секому во ова динамично време што нè троши безмилосно. Но, мора да се има предвид дека не секој може финансиски да си ги дозволи сите овие места.

Во продолжение погледнете неколку предлог дестинации кои сè уште не се популарни меѓу туристичката популација, но секогаш се опција, веројатно подобра, од многуте искусени локации.




Хозе Игнасио, Уругвај


Хозе Игнасио

Тука живеат само 300 луѓе, но во текот на зимскиот период на Северната хемисфера, овој град го опседнуваат славни личности. Затоа тука ќе видите луксузни ресорти и ресторани. Хозе Игнасио, сепак, е место за оние што можат финансиски да си го дозволат и да ја добијат толку потребната приватност.


Кох Ронг, Камбоџа


Кох Ронг

Ако посакувате бегство од цивилизацијата, тогаш дефинитивно треба да го посетите островот Кох Ронг. Нема облакодери, гужви, сообраќај. Само тишина, спокојни рибарски селца и недопрената природа што се нуди себеси. Често овој остров го опишуваат како: Тајланд пред 20 години.


Бангладеш


Бангладеш

Место на разнолика култура и богата историја. Туризмот не им е најразвиена економска област , но постојат многу интересни места за посетување: палатите на Махараџите, најголемата крајбрежна магрова вегетација и најдолгата плажа на планетава.


Софија, Бугарија


Софија

Софија е најевтината туристичка дестинација, барем во споредба со останатите европски метрополи. Главниот град на Бугарија привлекува со неверојатната историска архитектура. Според некои стручни лица, Софија нема за долго да остане во позадината на туристичката индустрија.


Амбергрис Каје, Белизе


Амбергрис Каје

Овој остров има богата историја. Во различни периоди, тука живееле Маи, ловци на китови и буканири. Островот се наоѓа во близина на коралниот гребен на Белизе, кој е втор најдолг гребен на светот.


Мјанмар


Мјанмар

Уште попознат како Бурма, е малечка земја во Југоисточна Азија. Зборот „Мјанмар“ значи „динамичен, брз“, бидејќи во 2010 година бил посетен од 300.000 туристи, а три години подоцна, таа бројка се искачила на преку два милиони посетители. Туризмот тука брзо се развива, но секогаш се наоѓа време да се отплови до изолираното езеро Инле за да се ужива во зајдисонцето што се рефлектира во Швегадон Паја.


Роатан, Хондурас


Роатан

Крузерите започнале со обиколка на Роатан дури во 2005 година. За волја на вистината, Хондурас не е најбезбедното место на светот, затоа. Роатан почна да станува популарен заради нуркачките тури до Мезоамериканскиот гребен. На островот можете да ловите риба и да го истражувате архипелагот Кајос Кочинос.


Апулија, Италија


Апулија

Одморот на Апулија ќе ви биде незаборавен: лазурно море, црвена земја, златни зајдисонца, и најважно – гостопримливи домаќини. Апулија ви нуди и активен одмор: оттаму можете да ги посетите замокот во Бари, базиликата Санта Кроче и археолошкиот музеј во Рињано Гарганико.    


Замбија и Зимбабве


Викторини водопади

Викторините водопади се лоцирани во близина на националниот парк Хванге. Паркот е огромен, 14.600 километри квадратни, и содржи езера, ретки растенија и диви африкански животни и птици. Хванге е препознатлив по слоновите, кои ги има повеќе од 30 илјади.


Бусан, Јужна Кореја


Бусан

Додека реки туристи го преплавуваат Сеул, вие отидете во вториот најголем јужнокорејски град, Бусан. Често го нарекуваат „летниот главен град на Јужна Кореја“, бидејќи има многу плажи. Бусан е познат по музеите на уметноста, отворениот резерват за птици и пазарот за риби.


Манила, Филипини


Манила

Вториот најголем град на Филипините. Нуди превкусна и евтина храна. Вечера од три оброци ќе ве чини само 18 долари. Во градот има вредни атракции за посетување: стари цркви, манастири, музеи, палати.


Фуквок, Виетнам


Фуквок

Накратно – земскиот рај. На островот постојат најубавите бели, песочни плажи, кристално проѕирна вода и смарагдно зелени џунгли. Тука можете да нуркате, да веслате кану и да ги посетите разните фарми. На ова место ќе се мимикрирате со природата.


Јорк, Велика Британија


Јорк

Еден од најубавите древни градови во Англија. Тука има сè од што е составен типичен англиски град: пабови, чајџилници, кафетерии, цркви, стари градби итн. Централното место ѝ припаѓа на катедралата стара 500 години. Побрзајте да го посетите, пред туристите да му ја релативизираат важноста.


Кеп, Камбоџа


Кеп

Почнувајќи од 1908 година, Кеп била омилена дестинација на француската елита што живеела во Камбоџа. Била препознатлива по фантастичните ресторани и луксузните вили. Но, по граѓанската војна, од местото останале само рушевини. И покрај тоа, Кеп е одлично место за опуштање.    


Салинас Грандес, Аргентина


Салинас Грандес

Солена пустина која во суштина е солена бара, долга 250 километри и 100 километри широка. Кога врне, се претвора во џиновско огледало. И покрај тоа што покрај Салинас Грандес поминуваат многу патишта, сè уште се смета за непристапно и затоа не е многу популарно меѓу туристите.  
 
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура